About DS Smith Recycling

За компанијата

Ние во DS Smith обезбедуваме интегрирани услуги за рециклирање и управување со отпадот, почнувајќи од едноставни решенија за рециклирање па сè до решенија за целосно рециклирање и управување со отпадот.

Раководејќи се од мотото „Моќта на помалку“, ние сме експерти во однос на тоа да ви помогнеме да добиете најдобра вредност од рециклирањето и спроведувањето со тоа што даваме услуги за понизок трошок, помалку отпад и помала сложеност.

Управување со отпад и рециклирање

Ние сме најголемата компанија за рециклирање хартија и картон во Европа и водечки провајдер за целосно рециклирање и управување со отпад. За разлика од други провајдери, ние не инвестираме во депонијии, бидејќи нашата цел е вашите ресурси целосно да ги претвориме повторно во нешто корисно. Всушност, повеќе од 40 години ние го пренасочуваме отпадот од депониите директно на рециклирање со што им овозможуваме на бизнисите да се фокусираат на својата примарна дејност.

Ние работиме во 16 земји ширум Европа и собираме над 5 милиони тони  отпадна хартија секоја година низ цел континент.

Горди сме што можеме да ги опслужиме некои од најпознатите организации во Европа, како што се Aldi, Tesco, Primark, Auchan и IKEA, но и илјадници други помали компании во повеќе сектори. Погледнете ги и нашите студии на случаи студии на случаи за да откриете на кој начин им помагаат нашите решенија на нашите клиенти, големи и мали.

УСЛУГИ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ОТПАД

Имаме 2 погони за рециклирање хартија со кои сме сместени идеално за да ги услужиме вашите бизниси секаде во Македонија и нудиме широк опсег на процеси за рециклирање и враќање коишто опфаќаат:

ГРУПАЦИЈАТА DS SMITH

Повеќе од само компанија за рециклирање, ние сме исто така дел од групацијата DS Smith Plc, која е водечки производител на амбалажа по нарачка за клиентите и специјална хартија во Европа и составен дел од индексот FTSE 100. Денес вработува околу 32.000 лица во 37 земји ширум светот со приход од 5.765 £милиони.

Оваа поврзаност со нашите одделенија за производство нè прави различни од другите компании во секторот за рециклирање, бидејќи материјалите што ги собираме за нашите операции со хартија и амбалажа се рециклираат и се претвораат во нови производи, со што се создава реално решение за целосно опслужување на нашите клиенти.  

Нашата намера со рециклирањето

Развивање на правилни стратегии

Сè што правиме е фокусирано кон овозможување на иновативни, ефективни и одржливи стратегии за клиентите, коишто ќе помогнат во зголемување на рециклирањето и намалување на отпадот. Тоа е причината поради која освоивме повеќекратни награди заедно со клиентите за нашите долгорочни партнерства.

Поразлично размислување

Сите зборуваат дека отпадот е ресурс, но во DS Smith Recycling, тоа е веќе така. Тоа е затоа што како дел од групацијата DS Smith, имаме суштинска улога во обезбедувањето на одделенијата за амбалажа и пакување и за хартија и пластика со суровините коишто им се потребни за бизнисот да тече.

Заеднички иновации

Веќе 40 години создаваме иновации во индустријата за рециклирање. Денес, ние сме водечката компанија во Европа во поглед на рециклирање картон и хартија, при што секоја година обработуваме преку 5 милиони тони материјал за рециклирање на амбалажи. Создаваме иновации во самиот циклус на набавки - од собирањето до снабдувањето со рециклирани материјали.

Одржливоста во сржта

Одржливоста е во сржта на сè што работиме во DS Smith. Им помагаме на клиентите да утврдат рути на рециклирање и обновување кои може да се ревидираат, со цел подобрување на нивната корпоративна социјална одговорност и еколошка квалификуваност. Материјалот што го собираме од нашите клиенти се обработува повторно од нашето одделение за хартија и од одделениете за амбалажи и пакувања се претвора во картонски кутии, коишто повторно се враќаат на полиците на малопродажните компании во рок од 14 дена.