Би сакал/а да примам информации од DS Smith Recycling за вашите услуги, вести од индустријата и мислења и размислувања од експерти.

Користете ги следните опции за контакт:

За повеќе информации околу тоа како DS Smith управува со вашите информации, како ги користи и ги заштитува, кликнете овде.

Можете во секое време да ја повлечете согласноста преку оваа е-пошта со помош на механизмот за откажување на претплатата најдолу од пораката или ако испратите барање преку контакт-формуларот на нашата веб-страница.

Нека одржливоста Ви биде во срцето на овој Ден на вљубените

Минатата година, повеќе од 20 милијарди фунти беа потрошени на глобално ниво за споделување на љубов на Денот на вљубените, а поголемиот дел од оваа сума беа за цвеќиња, накит, слатки и картички.

Valentines day cards - web.jpg

Сакајќи да ѝ подариме нешто на таа посебна личност, не е лесно да ја задржиме одржливоста во фокусот на нашите купувања. Затоа DS Smith состави пет совети за рециклирање за Денот на вљубените, за да Ви помогне да ги разгалите своите најблиски без да ја загадите планетата.

Изберете место за одмор дома

Се предвидува дека трошоците за романтични одмори од година во година се зголемуваат на 267 милиони фунти, со тоа што хотелите доживуваат најневеројатен пораст - податоците откриваат дека од 2016 до 2018 година вкупните потрошувачка пораснале за 74%.

Понекогаш нема подобро место за одмор отколку дома. Не мора да патувате со авион низ целиот свет за да го доживеете тоа празнично чувство, бидејќи некои од најпосакуваните дестинации на светот Ви се веднаш зад аголот - ќе заштедите и пари и километри.

Дозволете ù на љубовта да цвета

Црвените рози се традиција за Денот на вљубените уште од 17. век, а нивната популарност продолжува да расте од година во година. Во 2018, само Mastercard забележа зголемување на потрошувачката за рози од 59% во однос на 2016 година, а со оглед на тоа што над 90% од розите се од увоз, тоа резултира со драстично зголемување на превозот со товарни-авиони ширум Европа и Америка.

За да помогнете во минимизирање на километражата, обидете се со сезонски цвеќиња одгледувани на локално ниво – доколку преферирате нешто ќе трае со години, а не неколку дена, купете домашно или градинарско растение за Вашата сакана личност.

Plant in hands - web.jpg

Искажете ги своите чувства

Брзата мода има огромно влијание врз животната средина - Велика Британија е епицентарот на Европа, каде што секоја личност трупа по околу 26,7 килограми облека секоја година во споредба со просекот од 15,6 килограми.

За да помогнете во неутрализирање на непотребниот отпад од облека, донирајте ја облеката во добротворни цели за да биде искористена или купете од втора рака нешто што знаете дека ќе му значи на партнерот.

Размислувајте сериозно – за нешта кои се битни

Според Европската комисија, годишно се создаваат околу 88 милиони тони отпад од храна, така што, без разлика дали ќе одите на вечера со свеќи или планирате скромна романтика останувајќи дома, обидете се да избегнете фрлање на храна.

Преостанатата храна е особено предизвикувачки загадувач во процесите на рециклирање на хартија, па затоа, дококу ги имате, искористете ги одделните колекции на отпадоци на храна и осигурете се дека нема храна на пластиката, стаклото, картонот или хартијата.

Во 2017 година, DS Smith соработуваше со Tesco околу изнаоѓање ефикасно решение за управување со отпадот од храна од продавниците, и во еден наврат беше редуциран генералниот обем на отпад за 40%.

Eating spaghetti - web.jpg

Кажете „Те сакам“ со одржливи картички

Секоја година во Велика Британија за Денот на вљубените се испраќаат околу 25 милиони картички, што е еквивалент на повеќе од 8000 дрвја - изразувајте ја љубовтa кон Вашиот партнер и планетата така што ќе побарате несветкави картички кои ги имаат симболот за сертификација Chain of Custody и симбол за рециклирање или, пак, уште подобро, испратете е-картичка.

Светките се загадувачи во процесот на рециклирање на хартијата и може да спречат картонот и хартијата да се претворат во нешто ново.

Иако светките се привлечни за окото, честичките кои честопати се изработени од пластика или фолија, се толку ситни што можат да ни создадат проблеми ако во добиената хартија што ја користиме за рециклирање навлезат големи количини од истите, што најверојатно ќе се случи по Божиќ или Денот на — Џонатан Скот, менаџер за операции во секторот за рециклирање

Компаниите за пакување, трговците на мало, потрошувачите и индустријата за рециклирање можат да соработуваат за да обезбедат овие сезонски прослави да бидат колку што е можно поодржливи.

Нашиот модел со затворена јамка Од кутија во кутија за 14 дена, DS Smith обезбедувачеститките и пакувањата да се вратат на полиците на супермаркетите како картонски кутии во рок од само 14 дена.

Значи, ако потрошувачите изберат картички и пакувања коишто можат да се рециклираат, сите можеме да соработуваме во намалувањето на притисокот врз ограничените ресурси на нашата планета.