DS Smith одговара на вашите прашања во врска со рециклирањето

Имате дилеми околу рециклирањето? Подолу DS Smith одговара на вашите прашања во врска со тоа што може, а што не може да се рециклира.

Грижата за животната средина никогаш не заземала толку централно место.  Неодамна, се случи подемот на новата свесност за животната средина и најверојатно сега, повеќе од кога било, рециклирањето се наоѓа цврсто на агендата на владите, организациите и потрошувачите.

Ако 2018 г. беше почеток на новата свесност, тогаш 2019 г. стана година на дејствување – со сè повеќе луѓе мотивирани за поодржливо дејствување во рамките на секојдневниот живот.

Без разлика дали станува збор за бањата, кујната, канцеларијата или природата, малите дела за поголемо рециклирање може да помогнат да се направи вистинска разлика во начинот на подобро одржливо управување со оскудните ресурси на нашата планета.

Меѓутоа, сè уште постои широко распространета забуна за тоа како е најдобро да се рециклира. Во DS Smith управуваме со повеќе од 5,5 милиони тони материјал секоја година, па како една од водечките компании за интегрирано пакување и рециклирање во Европа, ја користиме нашата стручност за корисна намена.

За да ви помогнеме да бидете сигурни дека хартиените влакна кои треба да се рециклираат се рециклираат, ги разгледавме најпребаруваните прашања во однос на рециклирањето хартија и споделивме некои најважни совети и информации за поголемо рециклирање.

Дали може да се рециклираат кутиите за пица?

Да. Кутиите за пица се рециклираат 100% дури и кога се мрсни, сè додека на нив нема остатоци од храна и не се прекумерно валкани. За да се уверите дека вашата кутија може да се рециклира, треба да ги отстраните корките, остатоците од храна и да го исцедите вишокот масло. 

Дали може да се рециклира хартијата за пакување?

Понекогаш. Фолијата за пакување подароци којашто не се состои од хартија, како што се хартијата или кесите за пакување направени од фолија, не може да се рециклира. Најдобар начин за да проверите дали вашата хартија за пакување може да се рециклира е да ја стуткате. Ако се врати откако ќе ја стуткате, значи не може да се рециклира.

Дали може да се рециклираат марамчињата?

Не. Марамчињата, хартиените крпи и кујнската хартија не може да се рециклира штом се искористи – главно од хигиенски причини.

Дали може да се рециклираат чашите за пијалак за носење?

Да. Хартиените чаши за топол пијалак, како кафе, може да се рециклираат, но поради пластичната облога, треба да се собираат одделно од другите текови за рециклирање хартија. Секогаш барајте ги посебните корпи за рециклирање чаши за кафе.

Дали може да се рециклираат списанијата?

Да. Списанијата може да одат во редовните текови за рециклирање хартија.  Сепак, корисно е да се отстранат пластичната обвивка и другите нехартиени производи што може да се прикачени за нив.

Дали може да се рециклираат поштенските картички?

Да, сè додека не се покриени со светкав материјал или други нехартиени материјали.

Дали може да се рециклираат книгите?

Прво, најдете начини повторно да ја употребите книгата, на пример да ја донирате во локалното училиште или библиотека, да ја подарите на пријател или да ја продадете. Во спротивно, општо прифатено е дека книгите со меки корици може да се рециклираат, а книгите со тврда корици се попроблематични бидејќи може да содржат кожа, пластика, лепило и жица – затоа, гледајте да ја отстраните корицата ако можете.