Би сакал/а да примам информации од DS Smith Recycling за вашите услуги, вести од индустријата и мислења и размислувања од експерти.

Користете ги следните опции за контакт:

За повеќе информации околу тоа како DS Smith управува со вашите информации, како ги користи и ги заштитува, кликнете овде.

Можете во секое време да ја повлечете согласноста преку оваа е-пошта со помош на механизмот за откажување на претплатата најдолу од пораката или ако испратите барање преку контакт-формуларот на нашата веб-страница.

Квалитетот секогаш ќе најде свој пазар

Херман ван дер Меи, извршниот директор за глобален извоз од одделот за рециклирање, зборува за постојаните предизвици со коишто се соочени извозниците на обновена хартија и за прашањата што произлегоа од неговата неодамнешна презентација пред Конфедерацијата на европски индустрии за хартија(CEPI).

Во моментов, глобалниот извозен пазар се соочува со „совршена бура“ од промени и предизвици како никогаш досега во мојава 25-годишна кариера. Високо на списокот со овие предизвици се наоѓа притисокот врз извозните пазари за PfR – хартија за рециклирање.

Од раните 1990-ти до 2016 година, мојата кариера во европскиот сектор за отпад и рециклирање во голема мера се совпадна со непрекинатиот подем на Кина како светски „господар на рециклирањето“. Од година в година, сè поголеми количини на хартија и пластика се балираа и испраќаа во кинески пристаништа од Европа и САД.

Како што продолжи да расте побарувачката на пазарот, <33/>лесно е воочлива изградбата на глобалната рециклирачка економија вредна 28 милиони тони/150 милијарди фунти годишно.

Quality will always find a way.jpg

Но, одлуката на Кина да воведе нови, строги стандарди за контаминација и инспекциски правила кон крајот на 2015 година измени сè. Моменталниот пад* на увозот на PfR во Кина од 34% остави извозна празнина којашто имаше огромни последици на двете страни на светот.

Како што извозниците очајнички го пребаруваа светот за нови купувачи, рециклирачите од југоисточна Азија купуваа и наскоро беа преплавени од големата количина на материјал за рециклирање којшто се согласија да го прифатат. Во исто време, намалениот увоз на PfR ја ослабуваше кинеската индустрија за хартија и амбалажа бидејќи самата беше премногу зависна од увозот на хартија за рециклирање.

За да ни стане проблемот појасен, во 2016 година на Кина ѝ припаѓал 50% од вкупниот извоз на PfR од ЕУ и речиси 70% од извозот од САД – до 2018 година овие бројки се намалиле на 26%, односно на 40%. Сега, следната серија на лиценци во голема мера предвидуваат дополнително намалување од 2,5 милиони тони за 2020 година.

Quality will always find a way 2.jpg

Глобален пазар за рециклирање

Три години откако Кина сврти во спротивна насока во однос на рециклирањето, цените на PfR разбирливо доживеаја тешки времиња. Согласно најновиот месечен извештај на CEPI за септември 2019 година, кинескиот удел во глобалниот пазар за извоз на PfR се предвидува да се намали на 28% оваа година од околу 35% во 2018 со сличен процентуален пад на индексот на цени по единица. Покрај тоа, силните економски препреки, вклучително и Брегзит и трговските војни помеѓу САД и Кина, продолжуваат да го изложуваат пазарот на притисок.

И покрај намалувањето на количината на PfR за Кина, глобалниот извоз на DS Smith остана прилично стабилен. Ние Управуваме со повеќе од 5,5 милиони тони материјал секоја година низ Европа, во што спаѓа сè од картон и ротохартија до мешани категории на отпад од домаќинствата. Од тие 5,5 милиони тони, една третина сè уште се продава надвор од мрежата на DS Smith.

Покрај тоа што извезуваме материјали во Индија, Индонезија, Тајланд – сè уште исполнувајќи го строгиот кинески критериум за чистота од 99,5% – солидно се шириме, испорачувајќи сè поголеми количини на висококвалитетна стока во нови пазари.

Quality will always find a way 3.jpg

Квалитетот е на прво место.

За среќа, во DS Smith никогаш не сме зависеле само од еден единствен пазар. Наместо тоа, продолжуваме да работиме со клиенти и партнери насекаде низ светот, овозможувајќи рути за рециклирање и обнова што може целосно да се ревидираат, и коишто одговараат на предизвиците за одржливост наметнати од општеството и животната средина.

Но, најважно е тоа што нашиот фокус отсекогаш бил на квалитетот на материјалот. А, во суровите услови на пазарот, ние вистински гледаме долгорочни придобивки од оваа заложба за квалитет за нашите клиенти и партнери во рециклирањето насекаде низ светот. Поголем дел од хартијата што ја собираме завршува во нашите 14 фабрики за хартија низ Европа, коишто ги даваат крајните хартиени производи за нашите операции за производство на амбалажа.

На овој начин, продолжуваме да даваме решенија за Затворениот циклус на рециклирање којшто го одржува квалитетното рециклирање во циклусот на испорака колку што е можно подолго. Како и со секоја друга суровина, квалитетот на материјалот што доаѓа за рециклирање во нашите фабрики е витален, а со зголемувањето на количината на амбалажен материјал што завршува во отпадот од домаќинствата благодарение на подемот на е-трговијата, селектирањето стана уште поважно.

Најчесто, мешаната хартија типично доаѓа од суви колекции за рециклирање коишто се собрани со пластични и други материјали пред да бидат сортирани во објект за рециклирање. Генерално, ова резултира со PfR-продукт со слаб квалитет и затоа водиме активна кампања за рециклирачка инфраструктура што ќе биде погодна за иднината.

Во меѓувреме, работиме со нашите клиенти за дизајнирање на процеси за собирање што се фокусираат на избегнување на контаминацијата, овозможувајќи хартијата и картонот да се држат одделно од другите материјали за задоволување на строгите стандарди од EN643. Друг начин на којшто се справуваме со контаминацијата и се заложуваме за квалитет е со подобрување и проширување на нашата инфраструктура за рециклирање за да се опфати нашиот инспекциски процес од осум чекори.

Освен тоа, направивме инвестиции и во инфрацрвената технологија за близина (NIR) и во микробрановата технологија за проценка на влага, пепел, пластика и составот на материјалот што го добиваме.

Quality will always find a way 4.jpg

Заложба којашто не смееме да не си ја дозволиме 

Неодамна бев поканет да зборувам на конференцијата за картон за изработка на контејнери на CEPI во Ротердам. Како и овој напис, и мојата презентација се фокусираше на статусот на глобалниот пазар за извоз на PfR и заложбата на DS Smith за квалитет.

Кај 100-ината делегати веќе имаше силно чувство дека Индија и Индонезија наскоро ќе почнат да ја следат Кина и ќе воведат нови, построги услови за увоз на PfR, така што темата за квалитетот доби поголемо значење. Едно од главните прашања што произлезе беше за тоа како нашата индустрија може да си дозволи да направи инвестиција за зголемување на квалитетот на материјалите за рециклирање и за задоволување на стандардите за контаминација од 0,5%.

Мојот одговор, како и секогаш, е дека не смееме да не си ја дозволиме. Не само што опаѓа вредноста на супстандардната PfR, туку и цената што треба да се плати за контејнерите одбиени за увоз/извоз и оставени на пристаништата е висока. Според мојата последна проценка, еден цел контејнер со PfR би чинел 12 пати повеќе од неговата вредност за казни и доцнење ако се открие дека е контаминиран.
Згора на тоа, останува и цената по животната средина што треба да ја платиме поради нерециклирање на собраниот отпад.

Не смееме да се вратиме назад во времето кога горењето или закопувањето на обновената хартија се сметаше за решение – потребна ни е стратегија за иднината што се фокусира на квалитетот. Како дел од Циркуларниот економски пакет на ЕУ, постои зголемен притисок за зголемување на стапките на рециклирање. Ова е и позитивно и достижно, ако се управува правилно.

На пример, DS Smith ја смислува и дизајнира својата амбалажа по принципите на еко-дизајн како стандардна процедура, така што, ние веќе мислиме за крајот на нашите производи додека ги произведуваме – затоа, целта ни е да произведуваме амбалажа којашто може повторно да се искористи и рециклира 100% до 2025.

Секој аспект од модерниот свет е предизвикан да функционира на потранспарентен начин. Развојните технологии, како што се блок-синџирот и брзиот подем на големите податоци, може да донесат придобивки за нашата индустрија со тоа што ќе донесат нова ера на отвореност, што крајно може да го зголеми квалитетот на рециклирањето.

Quality will always find a way 5.jpg

Значи пазарот е турбулентен, а постои веројатност таа состојба да продолжи. Но, без разлика на цените, состојбата на резервите и другите влијанија на макро-ниво, квалитетно завршената хартија може да се направи само од висококвалитетна PfR.

Постои и склоност на животната средина и разумна комерцијална логика за подобрување на системите за рециклирање со фокус на квалитетот.

Како што водата си го пробива патот, така и квалитетот ќе си го пробие својот пат.