Воведување на стандардот за вода

Истражување на значењето на целта за одржливост на DS Smith за „нула вода“ до 2030 и нејзиното влијание, но и што таа значи практично за нашите акционери.

Површината на планетата покриена со вода

70%

Зошто е водата важна?

Над 70 проценти од планетата е покриена со вода. Сепак, водата не е секогаш достапна. Одредени земји искусуваат недостиг од вода и суши, додека други пак имаат премногу вода и се поплавени. Ова е нешто со коешто сите сме запознаени во светот и, за жал, веројатно е влошување на опасностите од водата додека глобалното население расте и климата се менува.

Водата е клучна за повеќето производни индустрии, како примарен ресурс за индустријата за пијалаци, но и клучен елемент во греењето и ладењето. Како што конзумираме сè повеќе производи и услуги, компаниите ќе трошат сè поголеми резерви на вода.

Ема Сиџан, директорот за планирање, управување со резултатите и одржливоста, вели:

Процент на водата што ја користиме и којашто е третирана и вратена назад во водотечението

80%

Водата е сè поценет ресурс и мораме да направиме сè што можеме за да ја искористуваме одговорно. Ова не е само важно за нашите сопствени операции, туку е важно и за инвеститорите и осигурителите. Од суштинска важност е тие да го разберат импактот на бизнисите врз локалните водени ресурси и изложување на тие ресурси на опасности во иднината

Во DS Smith, водата игра критична улога во нашиот процес за производство на хартија. Над 80 проценти од водата што ја извлекуваме за нашите цели се враќа на третирање низ нашиот сопствен или општинскиот систем за третирање отпадна вода и се враќа во водотечението со што се минимизира целокупниот импакт. Остатокот од водата се губи преку испарување за време на процесот на производство на хартија или преку разредување на скробот.

Каков е тој импакт на нула вода?

Во DS Smith развивме визија за импакт на нула вода. Наједноставно речено, ова го дефинираме како:

  • Неискористување ни литар повеќе вода од тоа што ни е потребно за нашите производни процеси
  • Раководење со квалитетот на водата и нејзино спроведување за третман и законска усогласеност
  • Земање предвид и раководење со нашата употреба на водата во области со моментален или иден ризик за недостиг од вода

Овие три елементи секогаш биле дел од нашата работа и нашата програма за оперативна исклучителност. Сепак, за првпат во јуни 2018, јавно се посветивме кон овие цели како дел од нашите девет нови цели на одржливост:

  • Постигнување на импактот на „нула вода“ до 2030.

Прочитајте ја нашата Ревизија на одржливоста за 2018 година за да дознаете повеќе за нашите други осум цели.

Нашиот акциски план

1. Ефикасност на водата

Базирано на индустриските одредници, откривме оптимално ниво на искористеност на водата од 6,5 m3 на тон за производните процеси на фабриките за рециклирана хартија. Во следните 12 години, ќе работиме на тоа да се осигуриме дека сите фабрики работат на или под ова оптимално ниво. Фабриките на DS Smith во Лука, Италија, и во Виценхаузен, Германија, се одлични во овој поглед.

 Како што продолжуваме да откупуваме фабрики, како случајот со Interstate Resources, ќе можеме да поставуваме соодветни одредници за потрошувачката на вода насекаде.   

2. Квалитет на водата

Минималниот стандард за сите наши локации, особено за нашите фабрики за хартија, е да работат во согласност со правилата за испуштање на водата воспоставени од локалните регулативи за животната средина. Ова е минимумот што го очекуваме од сите наши добавувачи. Активностите ќе бидат фокусирани кон сите локации, како и новоткупените, коишто не даваат соодветни резултати, додека локациите коишто веќе ги надминуваат минималните услови за квалитетот на водата, нема да бидат ограничени.

3. Недостиг од вода

Мораме да имаме план и за идните потенцијални сценарија на зголемување на недостигот од вода што е во блиска поврзаност со притисоците од климатските промени и растот на населението. По спроведување на глобална процена за опасност од недостиг на вода на сите 250+ локации со помош на методологијата на Институтот за водени ресурси (Water Resources Institute (WRI)), во процес сме на развивање планови за ублажување на ситуациите на локациите што се наоѓаат во региони со недостиг од вода.

Мартин Мид, раководителот за енергетска ефикасност, коментира:

Важните фактори се дека ја контролираме нашата потрошувачка на вода за да можеме да ја оптимизираме нашата цел и да го вратиме најголемиот дел од водата назад во водотеченијата во усогласеност со законите. Балансот е многу е деликатен за одржување. Намалувањето на потрошувачката на водата првично ќе заштеди енергија, но ако целиме прениско, тогаш може да создадеме проблеми со хемијата и да ја намалиме севкупната оперативна ефикасност

Инвестициите, ризиците и исполнетите очекувања на клиентите

DS Smith не може да влијае врз ризикот за појава на неочекувани ситуации поврзани со водата. Сепак, со постигнување на овие цели до 2030, можеме да го намалиме влијанието врз животната средина и природните екосистеми, но и да ја подобриме отпорноста на нашиот бизнис за да можеме да одржуваме постојано снабдување со вода доколку се случат таквите ситуации. Ова е од суштинска важност за да се овозможи навремена и целосна испорака на амбалажите до некои од најголемите брендови на светот.