CE Personal.png

Што можете да направите за да ја поддржите циркуларната економија ?

Не е прифатливо да се живее во неодржлив свет каде сите го прифаќаме "земи-направи-фрли" начинот на живот. Време е да се преземе акција, не само за бизнисите и организациите, туку и за целото општество.

Кога зборуваме за економија "земи-направи-фрли", зборуваме за сегашниот пристап кон ресурсите. Овој модел е основата на линеарната економија, во која суровините се собираат, се трансформираат во производи, само за да се користат накратко, а потоа да бидат фрлени.

Зошто линеарната економија е неодржлива?

Во линеарна економија, отпадот е крајната точка на животниот циклус на производот. Поради ова, сите видови отпад сега ги загрозуваат нашите екосистеми: пластичен отпад, текстилен отпад, отпад од храна, електронски отпад, градежен отпад.

Пред да стигнат производите до нас, синџирите на снабдување веќе произведуваат огромни количини на стакленички гасови како јаглерод и метан. Всушност, екстракцијата и преработката на суровини во моментов сочинуваат половина од вкупните глобални емисии на стакленички гасови. Водата и земјиштето се исто така погодени во текот на овој процес, што доведува до  губење на живеалиштата и биолошката разновидност. Сè на сè, ние веќе трошиме 75% повеќе ресурси отколку што Земјата може да издржи на долг рок.

Детално за циркуларната економија од Фондацијата Ellen  MacArthur:

Ние правиме промени сега!

Отпадот и загадувањето не се неизбежни, тие се директен резултат на начинот на кој ги дизајнираме работите. Всушност 80% од влијанието врз животната средина од сите производи се случува во фазата на дизајнирање.

Создадовме збир на принципи за циркуларен дизајн за сите наши решенија за пакување, така што нашите деловни активности и операции се веќе циркуларни по природа. Ја рециклираме искористената хартија, ја претвораме во амбалажа и потоа собираме искористена брановидна амбалажа за да го започнеме циклусот повторно. И сето тоа можеме да го направиме за само 14 дена

Една од нашите вистински фокусни точки е елиминирање на пластиката за еднократна употреба, нашите дизајнери веќе создадоа одржливи алтернативи засновани на влакна кои ќе отстранат 1 милијарда парчиња пластика од полиците на супермаркетите до 2025 година.

Минатата година, исто така, беше промовирана нашата сегашна и идна стратегија за одржливост, програма дизајнирана да се справи со некои од најголемите предизвици за одржливост со кои се соочува општеството денес. Една цел особено се фокусира на затворање на циклусот преку подобар дизајн, што ја покажува нашата посветеност да ги обучиме сите наши дизајнери за принципите на циркуларен дизајн и да обезбедиме да произведуваме 100% амбалажа што може да се рециклира или повторно да се користи до 2023 година.

Зошто е важно да се поддржи циркуларната економија?

Иако пластиката за еднократна употреба стана посебна цел на медиумското внимание во последниве години, циркуларната економија може да ни помогне да се справиме со долгата листа не само еколошки предизвици, туку и социолошки и економски. Од намалување на загадувањето на воздухот до намалување на отпадот од пакување од е-трговија, до генерирање нови позелени индустрии, примената на циркуларниот начин на размислување во секојдневниот живот ќе ни даде на сите шанса да ги промениме работите.

Променете една по една работа

Ако се префрлиме на Циркуларната економија, ќе создадеме поодржливо општество за сега и за идните генерации. Знаеме дека понекогаш, кога ќе ги погледнете размерите на проблемот, лесно е да помислите дека ништо не можете да направите за да направите разлика. Но, тоа е токму спротивното и сите ние можеме да ја одиграме нашата улога со само една промена денес.

Еве само 12 поголеми и помали акции, кои може сите да ги преземеме како би ја поддржале Циркуларната економија:

1. Рециклирајте подобро, не само повеќе: Во 2018 година, советот на обидинетото кралство испратија над 500.000 тони рециклиран материјал кон депонија бидејќи беше „загаден“. Тоа обично значи дека не било правилно одвоено пред да се стави на собирање. Проверете ги упатствата на вашата локална власт за да видите што се наоѓа во кутијата за рециклирање. Потоа истото може да се рециклира и повторно да се претвори во нешто корисно.

Го сакаме рециклирањето

2. Помогнете да се намали CO2: Во DS Smith ние сме посветени да ги намалиме нашите емисии на CO2 за најмалку 40% по тон производство до 2030 година во споредба со 2019 година и да ги достигнеме емисиите на нето нула до 2050 година.

Погледнете како ги намалуваме емисиите на CO2

3. Внимателно бирајте ги вашите апарати за домаќинство: Машините за перење, фрижидерите и машините за миење садови ја штетно влијаат на околината во текот на целиот животен циклус. „PolyCE“ ги обединува компаниите кои дејствуваат поодржливо долж целиот синџир на снабдување. Проверете дали вашиот следен нов апарат доаѓа од производител кој е член на PolyCE.

4. Исклучете ја чешмата: Заштедата на вода помага да се заштеди енергија и да се намали загадувањето со јаглерод. Само со исклучување на чешмата додека ги миете забите наутро и навечер, заштедувате до 8 литри вода дневно.

Погледнете како ние штедиме вода

5. Оставете го автомобилот дома: 13% од целата глобална потрошувачка на ресурси е поврзана со транспортот и мобилноста. DS Smith ја намалува потрошувачката на гориво (и емисиите) со отстранување на 250.000 камиони од патиштата до 2025 година. Направете промена, возете велосипед или пешачете за кратките дестинации или пак делете го автомобилот за вашиот пат кон  работното место.

6. Возете на струја: Загадувањето на воздухот во градовите драстично се зголеми во последниве години. Електричните автомобили не произведуваат никакви честички или испарувања што доведуваат до загаден и опасен воздух. Продажбата на нови конвенционални автомобили и комбиња со дизел и бензин ќе биде забранета во Обидинетото Кралство во рок од 9 години, така што сега е време да се инвестира во одржлива алтернатива за да ве одведе од точка А до точка Б.

7. Рециклирајте отпад од храна: Отпадот од храна содржи вредни хранливи материи што може да се користат наместо штетни синтетички ѓубрива и пестициди. Ако вашаша општина го собира отпадот од храна, извадете го истиот пред вашите домови. 

Погледнете како може да ви помогнеме

8. Не користи пластика за еднократна употреба: Од целата пластика произведена од 1950-тите, само 9% се рециклирани. Нашите дизајнери веќе им помагаат на супермаркетите како Morrisons да најдат одржливи алтернативи за пластика за еднократна употреба. 

Погледнете како може да ви помогнеме

9. Заштитете ги нашите шуми: 100% од нашето пакување е направено од хартиени влакна што се рециклираат или од одржливи извори. Во рок од две години, нашиот оддел за амбалажа ќе направи  амбалажа што може 100%  да се рециклира или повторно да се користи. Погрижете се пакувањето на производите што ги купувате да може во целост да се рециклира.

 Редефинирање на амбалажата за свет што се менува

10. Засади дрво: Дрвјата помагаат во борбата против климатските промени и ги апсорбираат загадувачките гасови (како и за намалување на стресот и подобрување на нашата ментална благосостојба.) Ние ги поддржуваме иницијативите за садење дрвја низ цела Европа, блиску до нашите фабрики за хартија.

Погледнете како го правиме тоа

11. Земете ја вашата чаша за кафе: Само во Обидинетото Кралство 7,5 милиони шолји кафе за еднократна употреба се испраќаат во депонија или горат секој ден. Однесете ја вашата чаша во кафуле. Или кажете му на вашето омилено кафуле за нашата единствена шема за рециклирање.

Погледнете како го правиме тоа

12. Пренеси : до 2025 година ќе имаме едуцирано 100% од нашите луѓе ширум светот за Циркуларната економија, а благодарени и на образовните планови кои ги создадовме одиме во училиштата со планови за настава. Кажете му на вашето семејство, пријателите и соседите зошто Циркуларната економија е толку важна и што правите за да ја поддржите.

Моќта е во нашите дела и нашите избори

На циркуларната економија и е потребна вклученост на сите нас, во сите нивоа. Како што се менуваат политиките, се редизајнираат системите и се воведуваат шеми, ние можеме да ги поддржиме овие промени и да им помогнеме да напредуваат. Сите имаме удел во ова.