Зошто циркуларната економија е најдобра за вашиот бизнис?

Сите индикатори насочуваат на тоа дека потрошувачите ќе купуваат повеќе, инвеститорите ќе инвестираат повеќе и најдобрите работници ќе бидат привлечени од организации кои ќе се префрлат на циркуларната економија. Каде и да е вашиот бизнис на тоа патување, ние можеме да ви помогнеме.

Движењето кон циркуларна економија ќе има големи придобивки за бизнисот во сите аспекти на негово делување. Подобрување на безбедноста на снабдувањето со суровини, зголемување на конкурентноста, стимулирање на иновациите, зголемување на продажбата и привлекување на најдобрите работници на новоотворените работни места. Не заборавајќи го притисокот што ќе отстрани од нашата планета.

Ние сме експерти во областа на одржливи решенија

Нашите клиенти за пакување на глобално ниво веќе се ангажираат заедно со нас за циркуларноста - иако разговорите не мора секогаш да започнуваат во таа насока..Иако нема сите бизниси да имаат мерливи индикатори базирани на самата циркуларна економија, тие имаат стратешки, финансиски, продажни и оперативни цели, цели кои циркуларните решенија можат да им помогнат да ги исполнат.

Ги разгледавме придобивките од циркуларната економија од сите аспекти. Со споделување на нашата експертиза, можеме да им помогнеме на луѓето од вашата компанија  да исполнат широк спектар на предизвици и цели.

Во DS Smith ние веќе сме циркуларен бизнис и сме совршено поставени да ја поврземе „нашата приказна“ со „вашата приказна“ и да бидеме ваша порта за влез кон циркуларната иднина.

Marc Chiron
Директор за подажба, маркетинг и иновации во DS Smith, Амбалажа

Поглед на придобивките од циркуларна економија од страна на експерт за набавки

Набавките се менуваат. Повеќе не се фокусирани само на купување производи за да одговараат на непосредните потреби , туку ги зема предвид производите и услугите во текот на нивниот животен циклус.

Со разбирање на начинот како ќе се отфрли производот на уште на  почетокот на неговиот животен век, нашите клиенти можат да ги одредат спецификациите за набавка така што ќе ги земат во предвид вкупните трошоци долж животниот циклус, а не само почетната цена. Ова може да даде подобра долгорочна комерцијална вредност.

Многу од нашите клиенти бараат циркуларни и одржливи решенија за решавање на проблемите што ги имале подолго време. На пример, речиси половина од Европејците (46%) велат дека сакаат да користат пакување на база на картон или хартија, наместо пакување направено на база на пластика. Така, за еден од нашите клиенти што продава замрзната храна, го развивме ECO Bowl™, нова, поодржлива алтернатива со помош на брановиден картон и тенка фолија, намалувајќи ја содржината на пластика за 85%. Исто така на крајот на животниот циклус, материјалите лесно може да се одвојат за рециклирање.

46%

од Европејците попрво би користеле картонска и хартиена амбалажа отколку пластична.

85%

намалување на содржината на пластика со нашата одржлива картонска тацна ECO Bowl™

 

Поглед на придобивките од циркуларна економија од страна на експерт за финансии

Преминот кон Циркуларната економија има значителни финансиски придобивки. Намалувањето на количината на отпад од пакување и намалувањето на CO2, на пример, може да привлече и задржи клиенти и да обезбеди ефикасност и заштеда на вредност низ вашиот бизнис и синџир на снабдување.

Според извештајот на фондацијата Ellen MacArthur  со усвојување на принципите за циркуларната економија, бизнисите ширум Европа би можеле да споделат нето профит од 1,8 трилиони евра до 2030 година - тоа е 0,9 трилиони евра повеќе отколку преку сегашниот линеарен развојен пат.

Според ЕУ, само 5% од вредноста на пластичниот материјал за пакување останува во економијата. Остатокот се губи по многу кратко прво користење. Годишниот трошок изнесува помеѓу 70 и 105 милијарди евра. Нашите циркуларни решенија за пакување базирани на хартиени влакна би можеле да им овозможат на бизнисите да ги пренасочат тие пари во други иницијативи, како на пример помагање во борбата против климатските промени.

Стратегиите за циркуларна економија, исто така, му дозволуваат на вашиот бизнис да ги предвиди и избегне финансиските казни од построгите регулативи, како што се данокот за пластика во 2022 година во Обединетото кралство и реформите за продолжена одговорност на производителот (EPR)

До 2023 година ќе произведуваме амбалажа што може во целост да се рециклира или повторно да се употребува, а до 2030 година се стремиме целата наша амбалажа да се рециклира или повторно да се користи.
До 2023 година ќе произведуваме амбалажа што може во целост да се рециклира или повторно да се употребува, а до 2030 година се стремиме целата наша амбалажа да се рециклира или повторно да се користи.

Во нашиот Impact Centre можете да откриете како нашето пакување може да обезбеди економични придобивки за одржливост во вашиот бизнис.

Поглед на придобивките од циркуларна економија од страна на експерт за производство и логистика

Сеизмичките промени во однесувањето на потрошувачите од пандемијата COVID-19 претставуваат огромни предизвици низ синџирите на снабдување кои бараат сосема нови начини на размислување.

Како да испорачате повеќе во домовите на луѓето, без да ги наполните со вишок пакување и без повеќе возила што ги прават нашите градови позагадени?

Го намалуваме влијанието на транспортот со развивање решенија за отстранување на загубениот простор во пакувањето, складирањето и дистрибуцијата, а нашата "Сегашна и идна стратегија за одржливост " не обврзува да ги намалиме камионите за 250.000 до 2025 година

Дури и малите промени можат да направат огромна разлика во текот на вашиот циклус на снабдување. Намалувањето на големината на вашата кутија за само неколку милиметри може да отстрани стотици камиони од патиштата секоја година, намалувајќи ги општите трошоци, заштеда на простор за складирање, намалување на трошоците за работна сила и значително намалување на времето на склопување и пакување.

Го намалуваме влијанието на транспортот со развивање решенија за отстранување на потрошениот простор при пакување, складирање и дистрибуција.
Го намалуваме влијанието на транспортот со развивање решенија за отстранување на потрошениот простор при пакување, складирање и дистрибуција.

Поглед на придобивките од циркуларна економија од страна на експерт за дизајн

И покрај пандемијата СОВИД-19, нашето неодамнешно истражување на Ipsos Mori сугерира дека ставовите на потрошувачите за одржливоста се зацврстиле.

  • 85% сакаат да купуваат производи кои користат помалку материјал за пакување.
  • 29% престанаа да купуваат одредени брендови со образложение дека нивното пакување не е одржливо.
  • 46% велат дека сакаат да користат повеќе пакување на база на картон или хартија, наместо пакување произведено од пластика.

Со преку 700 дизајнери и иноватори на пакување, кои создаваат илјадници решенија за пакување секоја година, ние им помагаме на нашите клиенти да создадат циркуларни алтернативи кои ја зголемуваат лојалноста и продажбата со тоа што ги одржуваме материјалите во употреба и го дизајнираме отпадот. Така вашите потрошувачи го добиваат пакувањето кое може да се рециклира за повеќекратна употреба.

Преку партнерства, како што се Aquapak и MULTIVAC, ја проширивме нашата способност да се справиме со „тешката за рециклирање“ пластика со одржливи алтернативи и развивме над 650 дизајни фокусирани на замена на пластика - со над 54 милиони пластични единици  заменети во 2021 година.

39% од клиентите кои продаваат онлајн имаат предизвик за поставување рамнотежа помеѓу целосна заштита на своите производи и ограничувањето во количината на употребените материјали во нивната амбалажа. Нашите одржливи решенија го елиминираат неискористениот простор во амбалажата со примена на нашите револуционерни стандарди и програмата PACE. Ќе ги заштитиме вашите производи и гарантираме дека не се користи повеќе материјал отколку што е навистина потребно.

Патот до циркуларната економија не е едноставен и потребно е да се направат многу компромиси на истиот. Со цел да им помогнеме на нашите купувачи ние развивме иновативна алатка Метрики за циркуларен дизајн која ја споредува циркуларноста на две амбалажни решенија.

Никој не доаѓа на работа за да создаде отпад или да ги зголеми климатските промени. Луѓето имаат намера да направат нешто добро. Можеме да помогнеме.

Alan Potts
Директор за дизајн и иновациии во DS Smith

Поглед на придобивките од циркуларна економија од страна на бренд експерт

Според Светскиот економски форум, четвртина од пазарната вредност на вашата компанија може да биде директно поврзана со вашата репутација. Затоа, 87% од директорите ги гледаат предизвиците со репутацијата како поважни од кој било други стратешки ризици во вашата организација.

Имајќи во предвид дека потрошувачите се многу свесни за прашањата за одржливост, користејќи проблематична пластика може да се загрози репутацијата на брендот.

Ги намалуваме ризикот од синџирите на снабдување со отстранување на 1 милијарда парчиња проблематична пластика од полиците на супермаркетите до 2025 година и нивна замена со одржливи алтернативи базирани на влакна.

Нашите амбалажни решенија може да се рециклираат до 25 пати. Со тоа им помагаме на компаниите да ја заменат проблематичната пластика со одржливи решенија.

Поглед на придобивките од циркуларна економија од страна на експерт човечки ресурси

Европскиот парламент сугерира дека Циркуларната економија би можела да создаде дури 700.000 нови работни места низ Европа до 2030 година. Сепак, извештајот на Price Waterhouse Coopers, сугерира дека 88% од милениумците ќе сакаат да работат само за компании со заеднички вредности.

Ние сме водени од нашата цел - ‘Редефинирање на пакувањето за свет што се менува’. . Тоа е нашата причина за постоење. Затоа постоиме. Ја доловува вредноста што ја носиме на сите наши засегнати страни и на поширокиот свет. Внимаваме на иднината и го препознаваме променливиот свет во кој работиме. Ние, исто така, имаме јасен сет на вредности кои не обврзуваат да се грижиме за нашите клиенти, нашите луѓе и светот околу нас. Како работодавач на над 29.000 луѓе на повеќе од 300 локации во Европа и Северна Америка, создаваме работно место на кое луѓето се горди, со вистинска посветеност за градење подобра иднина.

Што претставува циркуларната економија?

Циркуларната економија е алтернативно решение за сегашната линеарна економија што се заснова на размислување „земи, направи, фрли“. Тоа е модел кој се заснова на принципите на дизајнирање на отпад и загадување, одржување на производи и материјали во употреба и регенерирање на природните системи.