DS Smith Скопје учествуваше на FMCG Summit 2022.

Компанијата DS Smith Скопје беше спонзор и учесник на 8 FMCG Summit 2022, кој се одржа на 27ми Октомври, поддржан од најголемите трговски ланци во земјата, а организиран од страна на InStore и Кликер Маркетинг.

FMCG Summit е најголем FMCG настан во нашата земја, каде што оваа година учествуваа преку 350 учесници од земјата и странство.

На наше огромно задоволство имавме можност да од домашни, странски и светски експерти, слушнеме нешто повеќе за предизвиците со кои се среќаваме денес во секојдневното работење. Воедно се запознавме со некои најдобри примери, трендови и дополнителни актуелни теми за крајните потрошувачи, малопродажбата и секторот на производи за широка потрошувачка.   

Огромен дел од она што го слушнавме за време на излагањето на повеќето предавачи, во голема мера се совпаѓа со работата на DS Smith и неизмерно ни е драго што на еден ваков настан добивме потврда дека DS Smith е во чекор со последните светски трендови и дека нашата компанија е вистински партнер на нашите купувачи.

Со испорака на своите иновативни и одржливи амбалажни решенија, DS Smith им помага на своите купувачи да ги постигнат своите деловни цели, да ги исполнат очекувањата на купувачите и да го зајакнат угледот на својот бренд.

1.jpg