Подготвување на луѓето да го предводат патот кон циркуларната економија - DS Smith

Подготвување на луѓето да го предводат патот кон циркуларната економија

Создадовме образовни планови за Циркуларна економија за локалните училишта

Сакаме да го предводиме патот кон циркуларната економија, преку ангажирање и едукација на нашите луѓе, нашата индустрија и следната генерација.

Сега... 

До 2025 година 100% од нашите луѓе ќе ги ангажираме во Циркуларната економија

Како?

  • Ќе ги обучиме сите наши 700 дизајнери на принципите на циркуларен дизајн
  • Ќе ја искористиме нашата поврзаност со фондацијата Ellen MacArthur за креирање обуки за циркларна економија користејќи ги најдобрите примери.

Следно...

До 2030 година ќе насочиме 5 милиони млади луѓе кон циркуларната економија и  циркуларниот начин на живот

Како?

  • Преку нашето партнерство со фондацијата Ellen MacArthur
  • Општестевни програми
  • Училишни планови за часови и теренски програми, лице в лице и преку дигитални платформи

Студија на случај - Настава за одржливост во нова испиративна училница

Настава за одржливост во нова инспиративна училница
Настава за одржливост во нова инспиративна училница

Во партнерство со фондацијата Ellen MacArthur, поддржуваме основно училиште на периферијата на Будимпешта во Унгарија, кое и служи на заедницата што не е привилегирана. Училиштето има статус „Еко-училиште“, во кое некои наставни активности се одвиваат надвор, фокусирани на проекти за одржливост, вклучувајќи собирање ѓубре и садење дрвја. Финансирање од 20.000 фунти се обезбедени од страна на добротворната фондација на DS Smith за изградба на нови училници, нудејќи стимулативна средина за поддршка на наставата за циркуларна економија. Училница ќе биде лесна за одржување за идните генерации и ќе биде инспиративен и мотивациски простор каде децата ќе сакаат да поминуваат време и да учат.

Како ја применуваме нашата цел

Поставување на одржливоста во центарот

Можеме да направиме, користиме, собираме и рециклираме картонска амбалажа во рок од 14 дена. Ние сме амбициозни во користењето на иновациите за да се справиме со некои од најсложените предизвици за одржливост во светот.

Развој на вистинските стратегии

Нашите експерти тесно соработуваат со клиентите за да ги разберат нивните потреби. Заедно наоѓаме начини да помогнеме во искористувањето на денешните можности за моќно доставување производи.