Намалување на емисија на јаглерод диоксид - DS Smith

Намалување на емисија на CO2 гасови

Ги намалуваме нашите емисии на јаглерод диоксид, од година во година.

Нашата неодамнешна проценка и анализа на влијанието врз економската, еколошката и социјалната вредноста на компанијата од страна на климатските промени  ги рангираше истите како висок приоритет за нашите засегнати страни, кои сè повеќе очекуваат компаниите да помогнат во спречувањето на најлошите ефекти од климатските промени. Иако постигнавме намалување од 31% во текот на изминатите десет години додека значително го развивме нашиот бизнис, ја препознаваме можноста да одиме понатаму.

Во 2020/21 година, ги предизвикавме консултантите да го оптимизираат нашиот патоказ за декарбонизација.

Задоволство ни е да ја објавиме нашата нова посветеност на цел заснована на наука за 2030 година, која ќе бара најмалку 46% намалување на емисиите на CO2e по тон производство во споредба со 2019 година и да достигне нето нула емисии до 2050 година.

Во текот на следните месеци, ќе бараме валидација на нашата цел од иницијативата на научно-базирани цели (SBTi), отворајќи го патот за нашето циркуларно пакување да игра моќна улога во помагањето на брендовите и потрошувачите да го намалат нивниот јаглероден отпечаток.

Сегашност и иднина...

До 2030 година, ќе ги намалиме нашите емисии на CO2e за најмалку 46% по тон производство во споредба со 2019 година и ќе ги достигнеме нето нула емисии до 2050 година.

Како?

Стратешки инвестираме во обновливи извори на енергија, зелена електрична енергија и енергетска ефикасност

  • Претворање на пареата од производството за загревање на нашите простории
  • Купување зелена струја
  • Гасни турбини со аеро дериват

Поставуваме нови стандарди во ефикасноста на горивото, како и преминуваме на соларна, ветерна, геотермална, хидроелектрична и водородна енергија каде што е можно. Досега испорачавме намалување од 23% на CO2e по тон од 2015 година, чекор напред кон нашата цел. Ова е главно поттикнато од инвестициите во надградба на опремата и набавка на зелена енергија во нашите мелници.

Нашиот раководител за енергетска ефикасност, Martin Mead, опишува како инвестираме во енергетска ефикасност и технологија за зелена енергија за да продолжиме да ги намалуваме нашите емисии на јаглерод.