Трендови во индустријата за леб и пецива и можности за нивно пакување
Тимот за маркетинг и дизајн на DS Smith ги истражува трендовите во индустријата во која работите и создава приспособени решенија за пакување врз основа на наодите од истражувањето.
И покрај политичките, економските и социјалните промени кои постојано влијаат на светот во кој живееме, барем една работа останува константна: луѓето сакаат леб и колачи. Лебот е основна храна, и како таков се консумира речиси со секој оброк. Потрошувачите во Србија се навикнати на мирисот и вкусот на свежо печен леб и колачи, поради што секојдневно се купува свеж леб. За да одговорат на различните потреби на потрошувачите, производителите на пекарски производи нудат неколку варијанти на леб - од традиционален бел и темен домашен леб, до леб направен од алтернативни видови брашно и леб збогатен со разни семиња.
Тренд 1 – Грижа за здравјето
Локалните потрошувачи стануваат се повеќе свесни за здравјето и се очекува дека овој тренд ќе продолжи да ги обликува потрошувачките навики во наредниот период. Потрошувачите се заинтересирани за поздрави видови пецива, се одлучуваат за производи кои содржат помалку шеќер или сол, кои се без глутен, без лактоза или се самите по себе вегански. Многу компании развиваат нови производи со цел да се прилагодат на променливите потреби на потрошувачите, така што во денешно време на полиците на супермаркетите и пекарите можеме да најдеме различни алтернативи на миризливиот леб - од леб направен од алтернативни видови брашно и цели зрна до леб збогатен со витамини, минерали и протеини.
Можности за пакување
Потрошувачите сакаат да ги знаат здравствените придобивки од храната што ја купуваат и консумираат. Улогата на пакувањето е да привлече со својот атрактивен дизајн, но и да ги информира потрошувачите за придобивките од производот. Пакувањето на производите, кои се сметаат за поздрави, треба да содржи јасни и транспарентни пораки и етикети како што се, на пример, информации за нутритивните вредности, нагласувајќи ја етикетата дека производот е без алергени или адитиви и тврдења за позитивното влијание на состојките на здравјето и благосостојбата на потрошувачите.
Тренд 2 – Брзина и практичност
Целиот свет забрзува. Потрошувачите водат брз начин на живот што значи дека тие одат побрзо, јадат побрзо и зборуваат побрзо. Исто така, луѓето се сè понетрпеливи кога чекаат во редици или во сообраќај. Соочени со построги временски ограничувања, потрошувачите се повеќе бараат практични и удобни решенија кои го поедноставуваат нивниот зафатен живот.
Покрај другите, производителите на пекарски производи мора да бидат во чекор со потребите на потрошувачите за брзина и удобност и во својата понуда да вклучат производи кои заштедуваат време за набавка и подготовка на храна.
Потрошувачите го ценат долгиот рок на траење на замрзнатите производи, како и пакуваните колачи и лебот со продолжена свежина, бидејќи таквите производи им овозможуваат да ја намалат зачестеноста на шопинг патувања. Исто така, мешавините за колачи и пецива, кои брзо и лесно се подготвуваат дома, им даваат можност на потрошувачите да уживаат во подготвувањето храна за членовите на своето семејство, но и да имаат време за други активности.
Можности за пакување
На потрошувачите кои се ограничени со време, им е од голема важност да во продавницата брзо го пронајдат производот кој им е потребен. Shelf-Ready пакувањата значително ја зголемуваат видливоста на производот на полиците во маркетот и со тоа ја зголемуваат веројатноста дека потрошувачот ќе го види и купи производот. Дури 42% од купувачите веруваат дека SRP го олеснува пазарењето. За да се осигурите дека SPR амбалажата создава врвен комфор за купувачите, потребно е да во процесот на дизајнирање на амбалажата се биде претпазлив на следното:
- SRP не треба да биде преголем – производите во големите кутии потешко се продаваат бидејќи купувачите не сакаат многу да посегнуваат по производите на полиците.
- Проверете ја стабилноста на вашиот производ во кутијата – осигурете се дека по земањето на еден производ од кутијата, останатите нема да паднат. Нередот во кутијата не е привлечен за купувачите.
- Користете своја Shelf-Ready кутија за маркетиншки цели – потребно е вашите производи да се издвојуваат благодарение на интересниот дизајн на Shelf Ready кутиите. Исто така може да додадете QR код како би додале дополнителни информации за производот.
Тренд 3 – Уживање
Луѓето во потрага по уживање најчесто се свртуваат кон храна и пијалок, а од производите што ги купуваат очекуваат моменти на хедонизам и вистинско доживување. Потрошувачите бараат врвни, богати, експериментални и иновативни вкусови кои ја претвораат храната во искуство и задоволство. Пецива, исполнети со богати, слатки или солени филови, се одличен начин да се разгалите себеси во текот на денот и да си дадете малку одмор самите на себе.
Можности за пакување
Потрошувачите кои купуваат храна за уживање очекуваат нивните производи да бидат спакувани во атрактивно пакување. При дизајнирање на пакувањето користете поинтензивни и побогати бои, користете илустрации и детали кои зборуваат за квалитетот на производот. Исто како и производот што го консумираат, така и пакувањето треба да им го подобри расположението.
Тренд 4 – Одржливост
Етичката потрошувачка е сè поизразен тренд кај помладите потрошувачи, што значи дека тие се повеќе избираат да купуваат производи кои се произведени на начин што го минимизира влијанието врз животната средина. За да се исполнат очекувањата на потрошувачите кога станува збор за одржливост, некои производители се фокусираат на користење на состојки од локални извори, додека други повеќе се фокусираат на намалување на потрошувачката на енергија, отпадот и трошоците за производство преку индустриско, масовно производство. Се зголемува и загриженоста на потрошувачите за отпадот од храна, па се очекува дека производителите кои воведуваат систем за управување со отпадот од храна ќе имаат предност пред другите.
Можности за пакување
Бидејќи свеста на потрошувачите за еколошките прашања продолжува да расте, се очекува повеќе пекари да се префрлат на одржливи решенија за пакување и да ја намалат употребата на пластика секаде и секогаш кога е тоа можно. Амбалажата DS Smith е направена од 100% рециклирани материјали, а вооедно и употребата на кафеав картон се смета за поеколошка. Пакувањето е средство за комуникација со потрошувачите и затоа производителите преку своето пакување треба да станат потранспарентни. Јасно истакнување на еколошките етикети, нагласување на потеклото на производите и едукација на потрошувачите за методите на рециклирање се само неколку примери кои може да се имплементираат на самата амбалажа на производот.
Се поголем број потрошувачи се обидуваат да направат баланс помеѓу овие 4 трендови, па се очекува во наредниот период предност да имаат оние производители на пекарски производи кои ќе успеат да воведат новини во своите производи, а се со цел да ги усогласат различните очекувањата на потрошувачите.
Контактирајте не и дознајте како нашето пакување може да ви помогне да ја зголемите продажбата на вашите производи, да ги намалите трошоците и ризиците и да станете „попријателски“ кон планетата.