Пакувањето преставува навистина „слатка“ работа за The Amazing Chocolate Workshop

DS Smith се здружи со The Amazing Chocolate Workshop за да ја поддржи бизнис-визијата во поместување на границите на чоколадата кон едно сосема ново ниво.

Предизвик

Со околу четириесет години комбинирано искуство во производството на храна и лубов кон чоколадата, Едвард Стар и Дејмијен Томс забележаа празнина во пазарот која може да се пополни со висококвалитетни чоколадни производи по нарачка кои наликуваат на предмети кои ги среќаваме во секојдневниот живот. Пакувањето е пресудно за работата бидејќи производот треба лесно да биде забележан од клиентот и да придодаде одреден фактор на изненадување, но исто така да функционира и како кутија за подарок и да овозможува соодветна заштита.

Пристап

Тимот од експерти за пакување на DS Smith работеше заедно со The Amazing Chocolate Workshop со цел да се развие решение за пакување кое ќе има многу голем опсег, а притоа ќе биде сигурен дека остатокот од кутијата е направен од цврст, издржлив материја кој исто така е безбеден во однос на храната.

Резултат

  • Заштита на производот во секоја етапа од циклусот на набавки
  • Транспарентен отвор за да се оптимизира претставувањето на производот
  • Дизајн кој ќе може лесно да се воочи, така кога купувачот ќе го прими производот ќе го искуси точниот изглед и чувство кои ќе бидат генерирани според точните техники за материјали и печатење
  • Едноделно решение кое ќе ја елиминира потребата од термоформирани садови и со тоа ќе ја подобри продуктивноста во одделите за пакување, складирање и дистрибуција

„Со непосредното лансирање на нашата онлајн продавница, не можам доволно да нагласам колку е важно ова пакување за нас. Од големо значење за нашата работа е тоа што имаме кутии со најразлични големини и облици кои се совпаѓаат со идентитетот на нашиот бренд. Имавме неколку навистина специфични барања од DS Smith, но тие се соочија со предизвикот и развија финален производ со кој навистина сме среќни.“

— Едвард Стар, содружник во Amazing Chocolate