pos-pop-corrugated-displays.jpg

Амбалажа од брановиден картон наменета за презентирање и складирање на производи на  места за продавање и купување

Амбалажата наменета за продажно место (Point of Sale – POS) и место за купување (Point of Purchase – POP) од брановиден картон имаат широка примена во продавниците и трговијата на мало. Амбалажите за продажно место и место за купување треба да го привлекуваат вниманието и ефикасно да ја пренесуват пораката на брендот.

Амбалажите за продажно место и место за купување од брановиден картон за промовирање на вашите производи 

Ќе воспоставиме тесна соработка со вашето одделение за маркетинг и со рекламна агенција за да развиеме иновативни начини со што ќе им помогнеме на клиентите да ги искористат амбалажите за продажно место и место за купување од брановиден картон на најдобар можен начин за да се зголеми продажбата за време на промоции и лансирање на нови производи.

Ние дизајнираме и произведуваме широк опсег на промотивни брановидни амабалажи за штандови за продажно место за да се разубави секој бренд. Тие влучуваат единици со слободностоечки штандови, трговски единици, стоечки лица и штандови за над каса за голем број примени.

Нашата цел е да создадеме совршен штанд фокусирајќи се на стратешкиот концепт кој стои зад производот. На тој начин успеваме да развиеме инвентивни формули за штандови во комбинација со безбедност при транспорт, ефикасност при складирање и презентација во малопрпдажбата.

Придобивки од опсегот на амбалажа за продажно место и за место за купување 

  • Висока видливост на производот
  • Зголемена продажба на производите
  • Подобрување на влијанието на брендот на местото за купување
  • Целосно се рециклира и лесно се составува

DS Smith е наградуван снабдувач на амбалажа за продажно место и за место за купување