Кои сме ние

Редефинирање на амбалажата за свет што се менува

Секогаш внимаваме на иднината, бидејќи работиме во променлив свет. Регионите, градовите и целото население брзо се трансформираат. Растот на дигиталната технологија го револуционизира начинот на кој купуваме и живееме. Сè повеќе очекуваме да купуваме производи прилагодени за нас, кога и да ги посакаме, каде и да ги сакаме, доставени до нас на начин што одговара на нашиот напорен начин на живот. Сакаме повеќе избор и погодност, но со помало влијание врз светот околу нас. 

Ова претставува огромна можност за сите нас, но бара и нови начини на размислување. Како да испорачаме повеќе производи, без повеќе возила да бидат поставени во нашите градови? Како да доставиме повеќе во домовите на луѓето, без да ги наполниме со вишок амбалажа? Како компаниите можат да се прилагодат на менувањето на навиките за купување, додека ги водат своите процеси непречено и ефикасно? Како можеме да ги направиме производите достапни преку границите, а притоа да обезбедиме конзистентност насекаде, секој пат?  

Кои сме ние
Наша цел е да им помогнеме на нашите купувачи да одговорат на промените на навиките на потрошувалите со помош на одржливи решенија за пакување кои се потребни на нашата околина

Има потреба од нов пристап кон пакувањето, и потреба од силно лидерство во нашата индустрија. Ова е она што не тера и зошто имаме заедничка цел на редефинирање на амбалажата за свет што се менува. 

Ние сме различни бидејќи ја гледаме можноста амбалажата да игра моќна улога во светот што се менува. Нашата цел е да им помогнеме на нашите клиенти да одговорат на променливите навики за купување со одржливите решенија за пакување што му се потребни на нашето општество. 

Нашата цел е поддржана од нашите четири стратешки цели

Да ги воодушевиме нашите купувачи

Обезбедувајќи им извонредни решенија кои ја зголемуваат нивната продажба, ги намалуваат нивните трошоци и управуваат со нивните ризици.

Да го реализираме потенцијалот на нашите луѓе

Со создавање безбедна средина во која секој колега ќе може да ги користи и развива своите вештини и идеи.

Да ја удвоиме нашата големина и профитабилност

Со иницирање оперативна извонредност, зголемувањето на нашиот пазарен удел и проширување на нови пазари.

Да бидеме лидери во оржливоста

Со вклучување на одржливоста во нашите одлуки и развивање на нашата платформа за рециклирање.

Имаме јасен сет на вредности што треба да ги поседуваат и да живеат сите наши вработени: 

ВНИМАТЕЛНИ. Се гордееме со она што го работиме и се грижиме за нашите клиенти, нашите луѓе и светот околу нас. 

ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРЕДИЗВИК. Не се плашиме конструктивно да се предизвикуваме едни со други и себеси за да најдеме подобар пат напред. 

ДОВЕРЛИВИ. Секогаш може да ни се верува дека ќе ги исполниме нашите ветувања. 

ОДГОВОРНИ. Бараме нови идеи и разбирање и брзо реагираме на можностите. 

УПОРНИ. Ги завршуваме работите. 

Наша цел- редефинирање на амбалажата за свет кој се менува
Нашата цел е поддржана од нашите четири стратешки цели

Овие вредности не водат во донесувањето одлуки и ги обликуваат политиките и практиките на компанијата, влијаејќи на однесувањето на вработените и организациската култура. Вистинските вредности мора да резонираат со нашето однесување. Тие треба да го одразуваат она во што искрено веруваме и што всушност го правиме. Затоа, нашата цел беше да ги идентификуваме оние вредности со кои сите вработени можат да живеат и да ги поседуваат.