Нула отпад со DS Smith

„Нула отпад“ ја претставува помислата дека ако ги промениме животните навики ќе можеме да го елиминираме целиот непотребен отпад во општеството.

На пример, ако сите производи се дизајнирани да циркулираат, на пример, од компоненти што можат повторно да се употребат или се можат да се рециклираат, тоа драматично ќе го продолжи работниот век на производот и ќе го намали отпадот.

Слично на тоа, ако секој има пристап до постојани и сигурни услуги за рециклирање, би можеле да осигуриме дека предметите што можат да се рециклираат се всушност рециклирани.

Тоа е доста амбициозна идеја, но организациите можат да се постават на патот кон нула отпад со тоа што ќе направат подобрувања во нивните активности од синџирот на снабдување и системите за рециклирање

Како DS Smith им помага на клиентите да работат кон „нула отпад“?

Нашата „Стратегија за одржливост“ поставува цел да произведеме амбалажа што ќе биде 100 % повторно употреблива или ќе може да се рециклира до 2025 година, со што ќе им олесниме на клиентите да ги направат нивните синџири на снабдување со амбалажа поодржливи - што за возврат ќе направи циклуси на снабдување, наместо синџири на снабдување.

Во DS Smith, рециклирањето е во срцето на сè што правиме. Управуваме со над 5,5 милиони тони хартија за рециклирање низ Европа секоја година. 

Работиме со трговците на мало, локалните власти, производителите и сите останати за да осигуриме дека тие управуваат со нивните рециклирачки материјали на најдобар можен начин - имаме залог за рециклирање на она што го собираме од нив.

Нашиот модел „Од стара кутија со рециклирање до нова кутија за 14 дена“ покажува затворен круг за рециклирање хартија. Ние ги снабдуваме нашите мелници за рециклирана хартија со квалитетни суровини што тие ги преработуваат во рециклирани хартии за амбалажа, кои потоа се снабдуваат до нашите оддели за работење со амбалажа за да бидат вратени како одржливи производи за амбалажа.

Како да ја направите Вашата канцеларија со нула отпад

Нула отпад на работа е амбициозна цел. Да ги мотивирате Вашите тимови и да го направите рециклирањето дел од надлежностите на сите ќе го скрати отпадот што го создавате и ќе ги зголеми стапките на рециклирање.

Овозможувањето на рециклирањето да биде видливо, достапно и лесно е неопходно за да го вклучите на работните места. За среќа, користењето на стручноста на компанија како DS Smith заедно со практичните кампањи за подигнување на свеста, како што е „Недела на нула отпад“, навистина успеваат.

Ако сакате да го засилите рециклирањето на Вашето работно место, овој план за нула отпад прикажува некои од советите што им ги даваме на тимовите со кои работиме.

  • Намали

Размислете однапред кога ќе донесете нешто во канцеларијата. Дали ќе стане отпад?

Сите сме слушнале за двострано печатење, но што можете да направите за да направите чекор понапред? Од планирање кога купувате млеко до повторна употреба на старата хартија во канцеларијата, има многу начини со кои можете да го намалите материјалот што го ставате во корпата за отпадоци.

  • Рециклирај

Што во моментов оди во отпад, а може да се рециклира наместо тоа? Размислете кои материјали можете да ги рециклирате и размислете како ќе ги соберете во канцеларијата. Одделувањето на материјалите доведува до помалку загадување, квалитетно рециклирање и може да има значителна економска и еколошка корист. Всушност, одделното собирање хартија и картон беше една од петте клучни препораки во извештајот на DS Smith, „Точка на пресврт.“

  • Релоцирај

Звучи едноставно, но ако кантите за отпадоци се на погрешно место, потешко е луѓето правилно да рециклираат. Отстранете ги индивидуалните канти за отпадоци од под масите на луѓето и инсталирајте систем за отпад и зони за рециклирање околу Вашето место за да осигурите дека собирате колку што може повеќе материјал.

Ставањето корпа за собирање хартија покрај печатачот е лесна придобивка, додека корпа за отпадоци од храна во Вашата кујна и местата за пауза ќе помогнат за да се намали загадувањето во другите текови на материјали.

Металите и пластиката можат да доаѓаат од изборот за ручек на луѓето, па затоа охрабрете ги да ги мијат послужавниците и лименките пред да ги стават во корпата за отпадоци.

  • Одговорност

Треба да ги придобиете Вашите тимови да учествуваат доколку сакате да го реализирате потенцијалот на Вашите планови за канцеларија со нула отпад.

Охрабрете ги Вашите менаџери да се вклучат, истакнувајќи ги промените за време на состаноците на тимот. Можете да назначите „Шампиони за рециклирање“ во Вашите компании, кои ќе им помагаат на членовите од тимот да запомнат што каде треба да оди.  

Ако сакате да зборувате за подобро управување со отпад за Вашата компанија и како планот за канцеларија со нула отпад може да го зголеми Вашето рециклирање, контактирајте нѐ уште денес.

Совети за нула отпад

Нула отпадот не запира во канцеларијата. Постојат многу начини на кои можете да помогнете во заштитата на животната средина со преземање едноставни чекори кон намалување на отпадот и зголемување на рециклирањето.

  • Донесете свој сад

Многу супермаркети и цели пазари за храна ја намалуваат нивната амбалажа. Всушност, DS Smith неодамна извести дека 1,5 милиони тони пластика низ супермаркетите во Европа може да биде заменета.

Кога купувате храна, размислете да земете сопствен сад што ќе го наполните со производи како што се ореви, тестенини, овошје и зеленчук. И не заборавајте ја Вашата торба за повторна употреба!

  • Планирајте однапред

Одите на пат на еден ден? Ако си направите спакуван ручек или некои грицки за по пат, можете да заштедите како во намалување на амбалажата за храна, така и во трошоците, додека чашите за кафе за повеќекратна употреба спречуваат непотребен отпад.

Ако морате да купите нешто кога сте надвор, проверете ја амбалажата пред да ја купите за да видите дали може да се рециклира.

  • Повторно употребете ја старата облека

Брзата мода има огромно влијание врз животната средина, со облека во вредност од околу 140 милиони фунти секоја година што завршува на депонија. Бидете дел од решението и донирајте ја облеката во добротворни цели, купувајте облека од втора рака, па дури и научете да шиете.

  • Откажете ја претплатата

Погледнете во Вашето сандаче и обновете го Вашиот список на примачи. Откажете ја претплатата од сите списоци на примачи, одлучете се за плаќање сметки преку Интернет и електронско плаќање и испраќајте дигитални честитки за посебни пригоди.

  • Проверете го Вашиот прибор за лична хигиена

Шишињата со шампон, четките за заби, памучните стапчиња и геловите за туширање можат да произведат многу пластика. Размислете за замена со сапуни, четки за заби од бамбус, жилети за еднократна употреба наместо бричеви и крпи наместо марамчиња за лице.