DS Smith на водечка европска изложба за домашна достава

DS Smith со возбуда најавува дека ќе изложува на годинешната европска изложба на Home Delivery World.

Темпото на промени во рамките на понудите преку повеќе канали постојано се зголемува, па настаните како што е изложбата Home Delivery се клучна платформа за соработка и претставување на најдобрите практики на експертите во синџирот на снабдување.

Изложбата ќе се одржува во периодот од 28 – 29 април 2015 во Лондон, во Business Design Centre, и на неа ќе присуствуваат клучни влијателни лица од каналот за домашна достава, а воведни излагања ќе имаат клучни говорници во импресивен состав. Ќе го најдете DS Smith на штандот број 4, слободно дојдете и посетете нè.

На настанот ќе се претстават и ќе се разгледаат можностите и предизвиците со кои се соочува домашната достава. Темите опфатени на настанот ќе се движат од амбалажата до очекувањата на клиентите, како и трошоците и профитабилноста. 

Амбалажата игра клучна улога во домашната достава, бидејќи таа не само што обезбедува заштита до преземањето или примањето на производот од страна на купувачот, туку е и од витално значење за зголемување на ефикасноста преку синџирот на снабдување.

Водечкиот експерт во синџирот на снабдување DS Smith произведува брановидна амбалажа, а исто така собира и материјали за рециклирање од многу извори, вклучувајќи трговци и фабрики. Рециклираниот материјал брзо се трансформира во нови материјали и пакети, игра клучна улога во кружната економија и обезбедува придобивки за бизнисот на испорака, вклучувајќи помалку трошоци, помалку отпад и ефикасно управување со ризиците на бизнисот.

Ален Потс, директор за увид во одделот за амбалажа на DS Smith во Обединетото Кралство, рече: „Многу сме возбудени, не само заради нашето присуството, туку и заради нашата изложба на Home Delivery оваа година. Ова е одлична платформа за поврзување и соработка со клучните контакти во индустријата и шанса да се слушне и научи за можностите и предизвиците со кои се соочува секторот.

„Амбалажата е основен елемент во процесот на домашна достава бидејќи го штити производот и влијае на целокупниот процес на синџирот на снабдување од производството до испораката. Во DS Smith, инвестиравме во симулирана средина за е-малопродажба во нашиот Центар за влијание во Ели, каде што заедно со клиентите ги разгледуваме сите аспекти од синџирот на снабдување за домашна достава. Сфаќаме дека искуството на купувачот е подеднакво важно при домашната достава исто колку што е важно при купувањето во продавница; успешното претставување на вредностите на брендот во домовите на клиентите низ целата земја е од огромно значење за секоја стратегија за домашна достава.“