Амбалажа за е-малопродажба која ги штити вашиот производ и вашиот бренд

Амбалажа за е-малопродажба која ги штити вашиот производ и вашиот бренд

Контактирајте не за да дознаете повеќе за нашите решенија за е-малопродажба

Амбалажа за е-малопродажба за зголемување на продажбата

Имаме развиено едноставни и практични решенија за амбалажи, лесни за склопување за секторите за е-трговија, е-малопродажба, пост-продажба и за дистрибуција.

Брзиот раст на малопродажбата на интернет создава нови барања за амбалажа за да се промовира, заштити и придонесе за ефикасна дистрибуција.

Добро дизајнираната амбалажа за е-трговија може:

  • Да спречи оштетување на производот, без оглед на ригорозноста на сложените канали за набавка во е-трговијата
  • Да ја утврди вистинската амбалажа за е-малопродажба за држење на  деликатните производи, како што се растенија или стакларија, безбедно на своите места додека не ги прими потрошувачот во беспрекорна состојба
  • Да ги оптимизира брзината и продуктивноста во халата за пакување
  • Да ги чува производите од расипување и кражба
  • Да го усогласи искуството со очекувањата кога купувачите ќе ја отворат амбалажата доа со тоа што ќе се создадат вистински изглед и чувство или тој прв впечаток што се памти
  • Овозможува погоден систем за враќањекористејќи ја истата абалажа за е-малопродажба така што ќе може повторно да се запечати без оштетување или нарушување

Исплатлива и одржлива амбалажа од брановиден картон

Амбалажата од брановиден картон го постигнува сето ова со материјал што се рециклира 100%, уште еден плус за потрошувачите и за трговците во е-малопродажба.

Амбалажата за е-малопродажба го пренесува искуството на брендот до дома

Карактеристичната и висококвалитетната амбалажа може да го подобри „доживувањето при отворање“ – моментот кога производот се доживува физички и се проценуваат квалитетот на производот и добавувачот

online-e-retail-packaging.jpg

Амбалажа за транспорт: Пренесување на личното искуство во е-трговијата

Прочитај повеќе

Како носиме резултати

Проверете како амбалажата за е-малопродажба на DS Smith им помогнала на компаниите да го извлечат максимумот од нивното присуство на интернет: