DS Smith го купува Duropack

На 31 мај 2015 година, групацијата DS Smith ја заврши аквизицијата на Duropack

По известувањето на22 мај 2015 година коешто го потврди приемот на неусловеното одобрување на конкурсот од сите соодветни органи, DS Smith Plc, водечкиот снабдувач на брановидни картонски пакувања во Европа, со задоволство известува дека го заврши купувањето на Duropack на 31 мај 2015 година.

Главниот извршен директор на групацијата, Мајлс Робертс, рече: „Задоволни сме што ја завршивме аквизицијата на Duropack, бизнис којшто е многу складен со географската распространетост на DS Smith и ја трансформира нашата положба во деловите на Југоисточна Европа со повисок развој. Со нетрпение чекаме да го интегрираме бизнисот во групацијата DS Smith и сме возбудени за одличните можности за клиентите, вработените и акционерите.“

Понатамошни детали за Duropack

Географско присуство: 14 претставништва за брановидни картонски пакувања, 2 фабрики за хартија и 18 претставништва за рециклирање во 9 земји, и тоа Австрија, Унгарија, Босна, Бугарија, Македонија, Србија, Словачка, Хрватска и Словенија.

Количина: околу 565 msm брановидни картонски пакувања, производство на околу 208 kt картон и собирање на околу 160 kt рециклирана хартија.

Финансиски детали: Бруто капитал од 281 милион евра на 31 декември 2014 година; Оперативен профит за 2014 година од 41 милион евра.