DS Smith слави успех на доделувањето награди на EFIA Print Awards

DS Smith уште еднаш доби признание за својот дизајн и иновациите на доделувањето награди на EFIA Print Awards 2015.

Беа доделени вкупно четири почести – четири во ОК и две во Германија – за специјалист за брановидна амбалажа и циклус на набавки, вклучувајќи прва награда за својата работа со Typhoo, втора награда за Diageo и трета награда за Mondelez.

 

Наградите EFIA се доделуваат од 1972 година и на компаниите-учеснички им нудат можност да добијат признание за исклучителност во флексографското печатење на амбалажа произведена претходната година.

Тони Фостер, директор на продажба и маркетинг во DS Smith, кажа: „Уживаме во овој предизвик секоја година и затоа што продолжуваме да вложуваме во машини, системи, плочи и ехничка стручност за флексографско печатење. Освен што произведуваме одлични печатени материјали, ние и дигитално управуваме со бојата во сите производствени места за да овозможиме конзистентност во изгледот. Сите аспекти на „flexo“ продолжуваат да се подобруваат, стандардите за печатење се неспоредливо подобри за разлика од тие од пред неколку години“.

„Овие награди даваат признание за сета напорна работа што ја вложува нашиот талентиран тим и многу и е мило што сме почестени од EFIA.“

Податоци за наградите на DS Smith во ОК:

Флексо печатење на хартија - широк мрежен процес     

  • Злато – Патерсон Аран, Lichfields Double Chocolate Chip

Флексо печатење на хартија - супер широк мрежен процес

  • Злато – Typhoo, 12x40 Eco Refill 
  • Сребро – Diageo, црна етикета за Johnnie Walker 6x17,75 л
  • Бронза – Mondelez, Trebor Softmint 40 ролни

Податоци за наградите на DS Smith во Германија:

Флексо печатење на хартија – меѓународно 

  • Злато – Henkell Blanc de Blancs
  • Сребро