DS Smith Packaging ја освои првата награда на наградите EFIA Print Awards 2015

Европското здружение за флексографска индустрија (European Flexographic Industry Association – EFIA) му додели прва награда на DS Smith. Жирито беше убедено за првокласното печатење на печатената слика за брендот HENKELL што го направи DS Smith во Фулда и DS Smith Pre-Press Services GmbH.

Наградите EFIA Print Awards за извонредно достигнување во областа на печатење со флексографија во оваа индустрија се доделуваат секоја година. DS Smith за првпат зеде учество во регионот на Германија и Швајцарија и веднаш се најде на подиумот во категоријата „Flexo print on paper - International“.

„Избравме да пријавиме печатен материјал за HENKELL Blanc de Blancs,“ вели Јан Брандтер, раководител на одделението за услуги пред печатење во DS Smith, „бидејќи брилијантноста на бојата и илустрациите со фини детали се извонредно претставени овде. Печатената слика не треба да се срами од директна споредба со офсет печатењето, а со наградата во категоријата „Flexo print on paper - international“ ние сме меѓу најдобрите,“ истакнува Брандтер.

Овој успех е резултат на тесната соработка на одделението за пред печатење на DS Smith, специјалист за пред печатење и погонот на DS Smith во Фулда, кои се одговорни за печатењето и амбалажата. „Колегите од одделението за пред печатење на DS Smith ја подготвија оваа победничка слика со извонредно ретуширање на офсет податоците соодветно за флексо и создавајќи блокови за печатење. Благодарение на целосната интерна подготовка на процесот на печатење, на клиентите им нудиме уникатно решение и тоа јасно се гледа во нашите успесиs,“ вели Стефен Бланкенбург, раководител на преса за печатење во погонот на DS Smith во Фулда.

„Со победата во категоријата „Flexo print on paper – International“ можевме уште еднаш да ја докажеме нашата стручност за висококвалитетно флексо печатење,“ вели Стефен Хосфелд, генерален директор во фабриката на DS Smith во Фулда. „Нашите клиенти го ценат нашиот висок и доверлив квалитет со што се дава значителен придонес кон позитивното нагласување на амбалажата со слики од брендовите на нашите клиенти.“

За повеќе информации контактирајте со: