sustainability-report-press-release.jpg

DS Smith ќе направи целата амбалажа да може да се користи повеќепати и да се рециклира до 2025 година

DS Smith ја издаде годишната Ревизија за одржливоста - и со неа постави амбициозни цели за сите дивизии, како тие за амбалажа, пластика, рециклирање и хартија.

Водечката компанија за амбалажи, DS Smith, вети дека ќе произведува амбалажи што ќе може да се употребуваат повторно и рециклираат 100 проценти со рок до 2025 година, но и дека ќе користи 100 проценти рециклирани хартии или хартија со сертификат за Chain of Custody со рок до 2020 година - притоа помагајќи им на клиентите да ги постигнат своите цели за Zero Deforestation (Нула сеча на шума).Соопштено со Ревизијата за одржливоста за 2018 година, а објавено денес, фирмата има вкупно девет нови ветувања за одржливоста откако предвремено ги постигна поголемиот дел од постоечките цели за енергија, вода и отпад. Освен ветувањата во однос на амбалажата, новите цели вклучуваат и:

  • Гаранција дека 100 проценти од добавувачите ќе се усогласат со стандардите за одржливост со рок до 2025 година
  • Намалување на емисиите на CO2 за 30 проценти за секој тон произведен со рок до 2030 година, при што основата беше утврдена во 2015.

Компанијата ќе ги потроши следните години во утврдување на силни акциски планови и во собирање податоци за новите цели како што е наведено во целост на www.dssmith.com/company/sustainability, за коешто ќе постои извештај за 12 месеци. Ветувањата ја отсликуваат посветеноста на DS Smith да ги редефинира амбалажите чекор во чекор со молскавичното менување на навиките и очекувањата на потрошувачите.

Извештајот го нагласи напредокот на компанијата во однос на постоечките цели и посветеноста. Се дејствуваше или се дејствува во однос на 71% од коментарите и голем дел од нив сега се интегрирани во деветте нови цели и внатрешни акциски планови. Клучните постигнувања во последните 12 месеци вклучуваат:

  • 95% FSC® сертифицираност во однос на сè што се опфаќа со дивизиите за амбалажа и хартија
  • Подобрена EcoVadis оценка - задржување меѓу најдобрите пет проценти од сите оценети организации
  • Продолжување на градењето мрежа од PackRight and Impact центри, работење со клиентите со цел дизајн на амбалажа со која се гради брендот и со која се елиминира потребата за поголема количина на амбалажа и со која се оптимизира логистиката.

Коментирајќи во извештајот, Мајлс Робертс, главниот извршен директор на групата DS Smith, рече:

Иновативните амбалажи играат клучна улога во адресирањето на голем број глобални предизвици за одржливоста – со што се гарантира поефикасна искористеност на ресурсите, се оптимизира испораката во последните километри во сè поурбанизираните општества и се намалува отпадот од храна и производи како што се зголемува населението.

„Треба да се направи повеќе за да се загарантира дека нема да ја изумиме позитивната улога на добрата и одржлива амбалажа. Само со зголемено остро набљудување на улогата на амбалажите, треба сите да направиме нешто повеќе за да се избориме со предизвиците што произлегуваат од „лошата амбалажа“, со тоа што ќе соработуваме со индустријата, со власта, со локалните власти, сопствениците на брендови, малопродажниците, рециклирачите, обработувачите и со консументите.“

Ема Цихан - цитат

Светот се менува. Со порастот на е-трговијата, репутацијата на брендот и амбалажата никогаш не биле потесно поврзани, а зголемената изложеност на амбалажите пред консументот значи дека тој има однос со брендовите којшто е базиран на поголема информираност преку секундарни и терцијарни пакувања. Амбалажите за е-трговија мора исто така да се дизајнираат така што ќе ги заштитат производите, додека истовремено се оптимизира испораката во последните километри.