China-article-top.jpg

Кинеската индустрија за паметни телефони која е водечка во светот има потреба од пакување кое е водечко во светот.

Деновите кога компаративната предност на Кина на глобалниот пазар на електронски производи беше основана врз наплив на евтина работна сила која ги преплавуваше градовите од руралните средини се завршени. Како што можеше да се види оваа година на првото кинеско изложување на електронски производи за широка потрошувачка, побарувањето за кинески дизајнирани и составени електронски производи во Кина сега е примарен двигател на кинескиот БДП и глобалните технолошки иновации.

На ниедно друго место тоа не е толку очигледно како на пазарот за мобилни телефони; Кина произведува околу 70% од вкупниот број глобално. Многу од таквите брендови водат трговија примарно со Кина, но во план им се меѓународните пазари.

ZTE, телеком и производител на мобилни телефони имал познавање на брендот помало од 1% во САД во 2013 година. Со спонзорирање на пет професионални кошаркарски тимови, тие набрзо ја зголемија таа цифра за 34% до крајот на 2015 година.

ZTE не се единствените. Со повеќе од 400 брендови за мобилни телефони во Кина, пазарот е неверојатно конкурентен. Пакувањето има идеална положба која може да обезбеди конкурентска предност за брендовите кои се борат за супериорност на пазарот. Не само што одличното, иновативно пакување може да ги намали трошоците, со намалување на каква било штета или загуба од доставата на кршливи електронски производи туку може да го намали времето за пакување на брзите ленти за составување, со што ќе го зголеми индустрискиот излезен капацитет.

За компанија како Xiaomi, која беше на врвот меѓу производителите на паметни телефони во Кина до крајот на 2014 година, пред Samsung и Apple, пакувањето е клучно за надградување на искуството на брендот. Тоа е така бидејќи Xiaomi започна со работа со продавање на своите телефони ексклузивно онлајн и искуството на „отпакување“ станува единствениот допирен контакт помеѓу производителот и клиентот. Со оглед на искуството на клиентите и задржувањето на клиентите, пакувањето добива исто толку решавачки фактор за рекламирањето колку што е и цената, производот и местоположбата.

Meizu е уште еден производител на мобилни телефони за кој можеби се уште не сте чуле, но тие стигнаа на насловните страници минатата година кога Ali Baba изјави дека одлучиле во нив да инвестираат 590 милиони долари. Претседателот Jack Wong изјави дека има намера да го постави Meizu како јасна алтернатива за многу поголемите Xiaomi. 

На крајот, токму глобалните потрошувачи на мобилни телефони ќе добијат најмногу со тоа што жестоката конкуренција ги зголемува иновациите и ги намалува цените. DS Smith China,која е стратешки лоцирана во технолошкото средиште на Shenzhen, може да помогне со тоа што ќе се осигури дека пакувањето на мобилните телефони е исто толку иновативно и паметно колку и самите телефони.