Зошто пакувањето не мора да значи и отпад: иновација што го решава прашањето за циркуларно пакување

Тони Фостер, директор на продажба и маркетинг на одделението за амбалажа на DS Smith во Велика Британија, пред некое време зборуваше со Мрежата за одржлив бизнис Guardian за циркуларно пакување и како индустријата на пакување прави иновации за да ги намали трошоците и отпадот. Коментарите на Тони беа вклучени во една статија што беше објавена на интернет на 1 јули 2015 година и еве ги истите подетално подолу.

  • Кои се клучните причини поради кои пакувањето традиционално резултира со отпад? Кои се идните предизвици?

Јас се прашувам дали пакувањето навистина резултира со отпад до степенот што понекогаш се пријавува. Низ годините, индустријата за пакување се здоби со лоша репутација – постои мислење дека пакувањето резултира со отпад, што се засилува со глетката на ѓубре и пластични кеси на улиците. Секторот е очигледна мета кога треба некој да се посочи како одговорен за тоа.

Како и да е, ова мислење не е точно. Всушност, отпадот од пакувањето е само мал дел од севкупниот отпад и многу од материјалите за пакување, како што се картонските кутии, може целосно да се рециклираат. Да не заборавиме и дека доброто пакување всушност го намалува отпадот бидејќи ги заштитува производите од оштетување и од тоа тие да станат неупотребливи.

Во однос на идните предизвици, индустријата треба да го смени ова погрешно мислење. Потрошувачите сакаат да можат да рециклираат и ние треба да ја прошириме пораката дека пакувањето од брановиден картон е основен дел на затворен процес на рециклирање којшто го сведува отпадот до минимум и дека брзо го претвора употребените влакна во кутии. Всушност, ние можеме да создадеме кутија од друга кутија во рок од 14 дена.

Веќе има одличен напредок во оваа област – како индустрија, нашиот предизвик е подобро да го споделиме ова и да демонстрираме дека пакувањето е, всушност, важен дел од циркуларната економија.

  • Дали големите компании размислуваат да го сменат нивното пакување? Ако да, зошто и како?

Да – особено во малопродажната индустрија. Малопродажниците се сѐ повеќе под притисок да нудат брендови коишто имаат добри акредитиви за одржливост, а доброто пакување е важен дел од ова бидејќи тесно соработува со производите што ги содржи. Како резултат на тоа, ако тие сакаат нивните производи да бидат понудени кај големите препродавачи, производителите мораат да обезбедат дека нивното пакување е што е можно поодржливо.

Гледаме дека сѐ повеќе производители се фокусираат на амбалажи од брановиден картон како решение на ова. Пакувањето од брановиден картон е 100 проценти рециклирачко, па така, кога производителот ќе го употреби на полицата на еден супермаркет, тој ќе му помогне на малопродажникот да изгледа добро и ќе ги импресионира еколошки настроените купувачи.

Трошоците се друг проблем којшто ги натера компаниите да размислуваат да го сменат пакувањето - пејзажот за снабдувачите на супермаркети е особено тежок, со тоа што дел од центот може да ја направи разликата во профитабилноста. Употребата на одржливо пакување всушност им помага да ги намалат трошоците, па затоа, циркуларното пакување има добра деловна, како и еколошка смисла.

  • Дали „од почеток до крај“ и „обновливиот дизајн“ сега го опфаќаат и пакувањето покрај производот? Дали треба?

Да и да, дефинитивно треба! Амбициозно е да се дизајнира целиот отпад од процесот на пакување, но е возможно и е нешто кон што компаниите треба да се стремат. Во однос на ова, ние веќе не треба да мислиме на синџирот на снабдување. Ефикасното пакување е дел од процес на „циклус на снабдување“, каде што материјалите повторно завршуваат во пакувањето по неколку дена.

Другото нешто што треба да се земе предвид тука е улогата на пакувањето – доброто пакување треба да увери дека го заштитува производот, му дава што е можно подолг рок на траење и му овозможува да се движи низ циклусот на снабдување со минимално влијание. Па затоа, самото пакување не треба само да работи во рамките на модел на обновлив дизајн, туку треба и да го продолжува рокот на траење на производите што ги содржи и да обезбеди дека ќе стигнат кај потрошувачот во употреблива состојба, притоа проширувајќи ги своите акредитиви на одржливост.

  • Кои се некои од трендовите во рамките на циркуларното пакување?

Малопродажниците веќе имаат завршено многу работа во областа на циркуларното пакување и еден тренд што го видовме во однос на ова е развојот на „петте леснотии“ на пакувањето кои се: лесно за препознавање, лесно за отворање, лесно за одложување, лесно за купување и лесно за фрлање.

Постигнувањето на „петте леснотии“ ја подобрува достапноста на залихите и им го подобрува животот на купувачите, а природниот исход е помалку отпад од производот и од пакувањето.  

Соработувајќи со снабдувачите за да се обезбеди дека тие ги почитуваат петте принципи, беше промовирана агендата на циркуларното пакување и тоа значително им помогна на малопродажниците да ги постигнат своите цели за отпад.

Во однос на ова, производот треба да биде лесно набавлив преку циклусот за снабдување, што значи дека треба да биде спакуван и пренесен на најефикасен и просторно заштедувачки начин, притоа намалувајќи го бројот на полупразни камиони на патот. Ефикасниот транспорт значи помалку патувања и помала емисија на јаглероден диоксид. Затоа, циркуларното пакување не се сведува само на материјалите во кутијата, туку тоа мора да го опфати целиот циклус на снабдување. 

  • Кои се примерите за одлични иновации на пакување?

Пред одредено време промовиравме нов тип на пакување од брановиден картон коешто ја поддржува агендата на циркуларното пакување. Тоа е прво од неговиот вид на пазарот и мислиме дека е прилично иновативно. „SalesFront“ е тип на пакување подготвен за малопродажба што стои на полиците во супермаркетите и, со употреба на посебно создадена лента, ги турка производите до предниот дел на полицата со продавањето на секој производ.  

Покрај тоа што им помага на производителите да продадат повеќе со зголемување на видливоста на полицата, тоа обезбедува дека производите се продаваат според датумот и ефикасно ги запира купувачите да посегнат на крајниот дел од полицата за да ги извлечат производите со најдолг рок на траење - им помага на супермаркетите да го намалат количеството на храна што се фрла.

И на крај, оваа иновација ја поддржува агендата на циркуларното пакување бидејќи целата кутија и еластичната лента може да се сместат во собирниот отпад за брановиден картон, што ги прави влакната 100 проценти рециклирачки. Во рок од само 14 дена, тие влакна може повторно да се вратат на полицата на супермаркетот во форма на ново пакување.