scanstar-drop-bucket.jpg

DS Smith во Данска победи на најголемиот светски натпревар за дизајн на производ

Да запреме за момент за да бидеме горди на нашата компанија: Кантата за смет од брановиден картон „DropBucket“, којашто ја измислија студентите во Данска и ја произведе DS Smith од Данска, ја освои најпрестижната награда на најголемиот светски натпревар за дизајн – The Red Dot.

Уште еднаш се покажа дека DS Smith е многу повеќе отколку само снабдувач на амбалажа – ние сме иноватори. The Red Dot – најголемиот светски и најпрестижниот натпревар за дизајн – му додели награда Red Dot на DS Smith за дизајн на производ, но со истата награда беа наградени и младите претприемници за DropBucket: Наградата Најдобар од најдобрите за генијално едноставно и еколошко решение за кутија за смет DropBucket.

Концептот DropBucket го спроведоа два студента на техничкиот универзитет во Данска, Хајда Нолсе и Мари Бергрин во 2012 година, а оттогаш цело време се развива, дотерува и произведува во илјадници изданије од страна на DS Smith Denmark. Со тоа што е изработена од брановиден картон, кантата за смет DropBucket е идеална за настани на отворено, како што се концерти и фестивали и ја елиминира потребата од загадувачки пластични канти. Наместо DropBucket, која е направена од обложен брановиден картон кој издржува течности и секакви временски услови, може едноставно да се фрли заедно со сметот и да се замени со нова канта DropBucket.

Веднаш горе до Apple

Обично наградата Red Dot за дизајн на производ се доделува за најсовремени електронски производи за широка потрошувачка, дизај на мебел итн., но оваа гоодина DS Smith Denmark ги надмина сите конкуренти и ја грабна наградата. Двајцата изумители на DropBucket, Хајда и Мари се во средината на дваесеттите години од нивниот живот и неодамна дипломираа на DTU, а веќе управуваат со нивниот бизнис со DropBucket во Данска која моментално има вработено 4 лица. А кога ќе влезат на сцената на официјалната церемонија за доделување на наградата Red Dot на 29 јуни во Есен, Германија, тие ќе застанат рамо до рамо со најпознатите светски брендови и иновативни лидери, како што Apple ја доби наградата Red Dot за нивниот нов производ Apple Watch. 

Со повеќе од 5.000 дизајни од 56 земји, наградата Red Dot не е само најголема и најпрестижна награда за дизајн во светот, туку и со најголем број нации од својот вид. 

За повеќе информации контактирајте со: