Предложена аквизиција на Duropack

DS Smith Plc („DS Smith“), водечки снабдувач на рециклирана брановидна амбалажа во Европа, со задоволство ја најавува предложената аквизиција на Duropack („аквизиција“) за приближно €300 милиони (околу £220 милиони). Duropack, бизнис за рециклирана брановидна картонска амбалажа со водечки позиции на пазарите во Југоисточна Европа, е во процес на аквизиција од CP Group 2 BV, подружница на One Equity Partners.

Оваа аквизиција го засилува географското присуство на DS Smith и ја трансформира нашата позиција во брзо растечките економии на Југоисточна Европа, понатамошно зацврстувајќи ги нашите паневропски способности за постојната база на клиенти и истовремено обезбедувајќи пристап до нови клиенти.

Duropack ја држи првата или втората позиција на пазарот во повеќето земји во кои работи и во комбинација со постојните операции на DS Smith во Унгарија, Словачка и Австрија, ќе имаме водечка позиција низ цела Југоисточна Европа.

Во бизнисот се инвестира добро со висококвалитетни средства и истиот работи според моделот „кратка хартија, долги влакна“, сличен на оној на DS Smith.

Во 2014, бизнисот оствари EBITDA од €41 милиони и EBIT од €22 милиони при обрт од €273 милиони. По три години од преземањето на сопственоста, се очекува да се оствари заштеда во трошоците од €12 милиони. Дополнителната инвестиција неопходна за интеграција на аквизицијата ќе чини околу €13 милиони во првите две години. Истата ќе се финансира од готовински заштеди, остварени преку ефикасност на обртниот капитал и строго управување со готовината.

Вкупната противвредност, вклучувајќи го преземањето на долгот, се очекува да изнесува околу €300 милиони, предмет на вообичаените корекции по потпишувањето на договорот, претставувајќи зголемување од 5,7 пати на EBITDA по спојувањето.

Аквизицијата е финансирана од постојните кредитни задолжувања. Истото ќе предизвика моментален пораст на заработката по акција и ќе генерира поврат на средства над нашите трошоци за капитал во текот на втората година од сопственоста.

Аквизицијата е предмет на одобрување според правилата на конкуренцијата, што се очекува во вториот квартал на календарската година за да се заклучи набргу потоа.

Мајлс Робертс, извршен директор на DS Smith вели:

„Duropack е одличен бизнис и спој што ни прилега. Ова е уште еден важен чекор во нашата стратегија за зголемување на моќта и зајакнување на географското присуство. Duropack има висококвалитетни средства и водечки позиции на пазарот. Со нетрпение го очекуваме неговиот придонес во севкупниот развој на DS Smith на атрактивните пазари каде што не бевме доволно присутни во минатото.“

Повеќе детали за Duropack

Географско присуство: 14 локации за брановидна амбалажа, 2 мелници за хартија и 18 локации за рециклирање во 9 земји, вклучувајќи ги Австрија, Унгарија, Босна, Бугарија, Македонија, Србија, Словачка, Хрватска и Словенија.

Капацитет: околу 565 msm брановидна амбалажа. 208 kt производство на рециклиран рамен слој и 160 kt собрана рециклирана хартија.

Финансиски детали: Бруто средства од €281 милиони на 31 декември 2014; добивка пред оданочување од €15 милиони во 2014.

Прашања