online-e-retail-packaging.jpg

Транспортна амбалажа: вистинска можност за лично доживување

Електронската трговија продолжува да расте, па така и транспортот на производи. Како резултат на тоа расте и важноста на транспортната амбалажа. И така е исправно – и покрај тоа што се става акцент врз ефикасноста на процесот за купување преку интернет, и транспортната амбалажа дава можност за лично доживување по испораката. Ние во DS Smith се задоволни што можеме да ви помогнеме да извлечете корист од оваа можност.

Многу производи што се порачуваат преку интернет сè уште се испраќаат во стандардни кафеави кутии. Не дека е ова погрешно, но тоа не е вистинското решение; нешто недостига. Тоа нешто е личниот допир, како за брендот, така и за потрошувачот. Во денешно време има огромен број можности за креирање такви решенија за личен контакт.

Печатена амбалажа

Прво нешто што помислуваме во однос на нашето доживување со амбалажата е печатењето. Големите и добро познати продавници на интернет веќе користат амбалажа со името на нивниот бренд за да останат видливи сè до последниот момент да го истакнат својот бренд. Правејќи го тоа, тие добро реагираат на очекувањата од клиентот: клиентот очекува „подарок“ по пошта, а брендот на веб-продавницата видливо придонесува за тоа задоволство. Ако се направи правилно, печатената амбалажа може да биде убава визит-карта и да води кон повторно можност за заедничко работење. А тоа е пред да помислиме на бесплатно рекламирање за сите други луѓе кои ја гледаат амбалажата додека се транспортира.

Доживување при отпакувањето

Ајде да се вратиме за момент на тоа доживување со подароците. Можеби звучи глупаво, но посебната амбалажа навистина дава додадена вредност при доживувањето на клиентот. Печатењето може да придонесе за ова, но и дизајнот на амбалажата може да значителен ефект, исто како и некои дополнителни ситници вметнати во амбалажата (на пример, специјален полнеж, необична боја или впечатливо отпечатена внатрешност). Дали ја поддржувате социјалната одговорност на претпријатијата? Ако е така, не потценувајте ја улогата на материјалот за рециклирање или ознаката за акредитација FSC.

Нашата поента е јасна: на веб-продавниците им недостига стилски уредена продавница, лично внимание од продавачите и триумфалното чувство кога ќе излезете откако ќе си го купите тоа што го сакате. Навистина, само амбалажата му дава можност на потрошувачот да го доживее брендот – не само на прием, туку и при отпакувањето. Во тој момент производот се доживува физички и се оценува квалитетот на производот и снабдувачот.

Ова го нарекуваме „доживување при отпакувањето.“ Од преспектива на доживување на брендот, тоа е многу значеан момент и не треба да се пропушти. Вашиот клиент секако ќе ја цени вредноста на напорите што ги вложувате за да водите најдобра грижа за производот. Компанија која добро го прави ова е Amazon.

Специфични производи? Специфична амбалажа

Постојат голем број можности овде, особено за малите веб-продавници. Често тие се целни играчи кои се фокусираат на продажба на специфични производи. Колку би било убаво да има транспортна амбалажа која совршено ќе одговара на производот?

Моќта на помалку

Во DS Smith имаме искуство и стручност во склоп на самата компанија за да дизајнираме најдобра и најатрактивна транспортна амбалажа за вашиот производ, било да се работи за формата или содржината, печатена или непечатена. Од едноставно лого печатено со флексографија до целосно офсет печатење, ние се грижиме за вашата амбалажа до најситните детали. Со тоа што ќе изберете транспортна амбалажа од DS Smith, избирате помалку сложеност, помалку отпад и, секако, пониски трошоци. Со DS Smith ќе имате поголемо влијание, подобро доживување на клиентите и подобра перцепција за брендот.