RRP помага Laughing Dog да биде лидер на глутницата

Fold Hill Foods, сопственик на храна за миленици Laughing Dog, започна да работи партнерски со DS Smith за да добие амбалажа подготвена за малопрдажба (RRP) која овозможува максимално влијание на рафтовите во продавницата и која ќе му помогне да ја зголеми продажбата во категоријата на храна за миленици.

Како поддршка на повторното задвижување на брендот и продолжување на производите за награда на милениците, DS Smith дизајнира кутија за да се зголеми свесноста за брендот и да им помогне на колегите во продавницата кога ги насочуваат купувачите кон производите.

Преку печатење со лито-ламинирачки процес и користење бои кои совршено соодветствуваат со различни варијанти на кесички, добиената кутија изгледа чисто и јасно и е лесна за забележување на рафтовите. Кога се купуваат заедно, фиоката и примарната кутија се усогласуваат за да се добие силен визуелен знак за производот и да се помогне за препознавање на брендот.

Фиоката од амбалажата подготвена за малопродажба се произведува во E-картон, а капакот R-Flute® ги штити производите при ракување, складирање и дистрибуција. DS Smith произведува две одделни ставки и преку комбиниран процес ги здружува елемнтите од фиоката и капакот. Крајната кутија му се испорачува на Fold Hill Foods како една комплетна единица која може да се наполни како една целина. Придобивката може да се види во продавниците каде што капакот лесно се отстранува и нема потреба од перфорирање, па така кутијата совршено го надополува брендот и се совпаѓа со очекувањата на кушувачите.

Тони Фостер, директор на маркетинг и продажба во одделението за пакување на DS Smith во ОК, рече: „Амбалажата подготвена за малопродажба создадена за Laughing Dog демонстрира дека кутијата може да биде дизајнирана да изгледа одлично на рафтовите, овозможува ефикасен процес на амбалажирање и е робустна за да ги задоволи сите барања на синџирот на набавки“.

Џејмини Чаухан, директор на маркетинг во Fold Hill Foods, кажа: „Бидејќи повторното лансирање наиде на одлични реакции од трговците и потрошувачите поради нашиот нов дизајн, тоа придонесе за нови огласи“.

Fold Hill Foods е семеен бизнис кој произведува голем број различни производи за храна за миленици. Брендот Laughing Dog го купи Fold Hill Foods во 2009 година. Палетата на производи е продадена заедно со продавници специјализирани за миленици и стандардни малопродажни канали.