Револуционерната вотка BLEND 42 добива револуционерна амбалажа

Вотката BLEND 42 претставува прва мешана вотка произведена во Чешка Република. Произведена од мешавина на најдобрите елементи од традиционалните, нордиски и полски стилови на вотка, за истата беше потребна амбалажа која исто така ќе го комбинира најдоброто од многу светови.

Предизвик

Да се развие амбалажа за поклон за првата мешана вотка произведена во Чешка Република која ќе го одразува карактерот на производот. Бидејќи ова е нов производ кој треба да се појави на пазарот, за истиот беше потребно и воочливо преставување на полиците кое притоа ќе ги намали и трошоците за материјал и ракување.

Нашиот пристап

Затоа, ние направивме „мешавина“ од најдобрите техники на отпечатување - офсет отпечатување во комбинација со делумен лак кој му дава на пакувањето потребниот „импресионирачки“ фактор во моментот на вистината. Исто така, пакувањето го дизајниравме на начин кој ќе го намали потребниот простор на полицата, а со тоа ќе осигури дека достапниот простор нема да претставува проблем. И со овој генијален дизајн, кога две пакувања се поставени едно до друго, рекламното присуство на полицата е далеку поимпресивно! Трошоците се намалени со остроумното произведување на пакувањето и влошката од еднобоен единичен исечок кој единствено треба да се залепи на едниот крај. И на крај, ракувањето е многу лесно со уште толку лесно склопување и лесно вметнување на промотивните чаши.

Резултати

  • Поголема продажба благодарение на лесно воочливиот изглед и остроумен дизајн кој го зголемува просторот за рекламирање на полицата кога пакувањата се поставени едно до друго
  • Поголема продажба благодарение на помалото пакување кое ја зголемува достапноста на полиците
  • Засилување на брендот со пакет кој вистински ги одразува вредностите на производот кој се наоѓа во пакетот
  • Помали трошоци со конструкција на еднобоен единичен исечок и лесно ракување