DS Smith поттикнува зголемена продажба за Royal Unibrew со огромен камион од брановиден картон

Ние во DS Smith сме горди што ги разбираме различните сектори во кои работат нашите клиенти. На пример, летната сезона е пресудна за производителите на пиво, па пролетта нашиот тим за продажба во Данска дојде на идеја да му помогне на Royal Unibrew да продаде повеќе пиво во оваа клучна точка од годината. На Royal Unibrew му се допадна идејата и добиените штандови ја поттикнаа продажбата во продавниците на BILKA од средината на јуни.

Предизвик

Да го убедиме Royal Unibrew дека нашата идеја би ја зголемила продажбата и препознавањето на брендот, а истовремено да биде многу рентабилно и лесно за имплементирање.

Нашиот пристап

Тоа беше возбудлива и сложена задача за тимот на DS Smith да дизајнира штанд врз основа на дистрибутивните камиони на Royal Unibrew и на тој начин да биде препознатлив за клиентите на супермаркетот како камионите на Royal, а не само обична амбалажа. Создадовме возачка кабина со помош на EUR палети, потоа ограда за да се монтира на голем број палети што ќе ја составува вкупната должина на камионот, а најпосле направивме копија од задниот дел на камионот.

Резултати

  • Зголемена продажба на Royal Beer
  • Зголемена свест за брендот на Royal Beer благодарение на препознатливата 3Д контура
  • Приспособлив штанд според големината на продавницата и подниот простор
  • Олеснето склопување за вработените во продавницата за брза монтажа
  • Логистички оптимизиран за да може да се превитка и да биде рамен пакет во формат на Euro палета без да се наруши изгледот и цврстината на структурата за непречена дистрибуција
  • Понатамошно зголемување на продажбата затоа што брзиот успех придонесе за повторно отпочнување со проектот, така што сега повеќе камиони со пиво доаѓаат во продавниците
  • Поттикна голем дел од малопродажниот сектор за храна во Данска да имаат слиен штанд

За Royal Unibrew A/S

Royal Unibrew произведува, рекламира, продава и дистрибуира квалитетни пијалаци. Тие се фокусираат на производи во областите на пиво, пијалаци од јачмен, безалкохолни пијалаци, енергетски пијалаци, овошни сокови и овошно вино. Royal Unibrew е водечки регионален оператор на голем број пазари, првенствено во Северна Европа, Италија и на меѓународни пазари за пијалаци од јачмен, за кои главен пазар се Данска, Финска, Италија и Германија, како и Летонија, Литванија и Естонија.

Royal Unibrew е втор најголем снабдувач со пиво и безалкохолни пијалаци во Данска со голем број силни брендови. Во 2014 година, компанијата имаше приход од 6.056 милиони дански круни и продаде 9 милиони хектолитри пиво, пијалаци од јачмен и безалкохолни пијалаци. Групацијата, со седиште во Faxe, Данска, има вкупно околу 2.400 вработени во целиот свет. Royal Unibrew е наведен на NASDAQ OMX Copenhagen A/S и има приближно 14.000 регистрирани акционери.