Зголемување на продажбата...

Секогаш кога сакате да ја наредите Амбалажата подготвена за малопродажба (RRP) или единиците за изложување една врз друга,
на сталажата или надвор од полицата, Trayzer® им помага на купувачите да го видат вашиот производ и ја прави
вашата презентација впечатлива. Кога купувачите може полесно да купуваат,
се зголемува и продажбата!

Флексибилни, динамични промоции

Trayzer® создава флексибилна и динамична алатка за кампањи. За различни типови продавници - бензински пумпи, големопродажба, супермаркети или хиперпродавници - или од повеќе типови истовремено, Trayzer® ги нуди вистинските опции. На пример:

  • Секој Trayzer® може да биде нареден врз друг. Идеален е за импулсивна продажба или пласирање, без разлика дали промовирате еден производ или вршите заедничка промоција на неколку производи
  • Дури и на полна полица, Trayzer® им олеснува на купувачите да го видат производот во секое ниво, да посегнат по него и да го купат
  • Trayzer® може да се вклопи во многу трговски платформи, како што се четвртина или половина палети, во многу синџири за снабдување

Опции за купување од полица и од други места

Од полиците, Trayzer® нуди нови важни опции кога и да:

  • Ви треба заеднички пакет за снабдување на повеќе места, некои надвор, а некои на полицата
  • Производите се наредени на полица во малопродажните продавници, во амбалажа подготвена за малопродажба

Ефикасни во пакувањето и дистрибуцијата

Семејството на Trayzer® е погодно за рачно или автоматизирано пакување во големи количини. За растечките побарувања при пакувањето, достапни се едноставни уреди за забрзување на стапките на пакување.

Едноставниот капак (или целосната заштитата за претходно спакуваните, наредени единици) ги штити производите при пренесување, обезбедувајќи оптимален впечаток при пристигнувањето во продавница.

Помогнете им на купувачите да купуваат со Trayzer®!