Соработка = оптимално решение направено за само неколку часа

Глобалниот производител на електроника се придружи на еден од нашите PackRight центри каде што нашиот уникатен развоен пристап донесе решение за многу брзо време.

Предизвик 

Нашиот клиент, глобален производител на електроника, дизајнира и создава иновативни производи кои го прават светот почист и поодржлив, ни дава поголема сигурност и ни овозожува поголема поврзаност и продуктивност. Додека го прават светот надвор од нивните четири ѕида да биде подобро место, тие исто така постојано се стремат да го направат сопствениот бизнис попродуктивен, поеколошки и поодржлив.

Како дел од тековниот напредок, одделението за автоматика и контрола од оваа компанија го покани DS Smith да ги истражи начините за подобрување на нивните решенија за амбалажа. Како близок партнер повеќе од осум години, тие знаеја дека ние сме вистинските луѓе кај кои треба да се обратат. Како стратези за амбалажа и специјалисти за индустриска електроника тие беа убедени дека ние ги разбираме најновите можности во областа на амбалажата и, уште поважно, како може да им помогне тоа во постигнувањето на своите амбиции.

Нашиот пристап

Еден тим од компанијата помина цел ден со нас во нашиот центар PackRight на DS Smith во Будимпешта. Енергичната сесија за размена на идеи со нашите експерти за дизајн беше одлична можност за споделување грижи, амбиции и голем број креативни идеи. За време на сесијата, учесниците открија голем број на изводливи можности, вклучувајќи адаптирање на едно специфично решение за амбалажа кое, на времето, штитеше повеќе варијанти на еден од производите на компанијата.

Потоа нашите експерти работеа заедно за да предложат оптимално решение. Открија како дизајнирањето специфично решение за амбалажа за најпопуларната – воедно и најмала – варијанта на производот би ѝ помогнала на компанијата да ја зголеми ефикасноста и да ја намали емисијата на јаглерод диоксид.

Потоа, нашите експерти ги употребија своите вештини во работата за да предложат конечно решение. Имаа прототипи подготвени за тестирање и за носење наеднаш. Некои од овие прототипи беа тестирани на паѓање во текот на денот за да се потврди нивната способност за соодветна заштита на производот. Тимот од компанијата го однесе остатокот во производниот погон за да го видат и другите колеги. По состанокот, клиентот го кажа следново: „Уживав во средбата со вас и одвај чекам да работам со вас. Како што кажавме, овде се работи за партнерство каде што резултатите треба да бидат во полза на двете организации.“

Резултати

Глобалниот производител на електроника влезе во нашата уникатна креативна средина исполнети со нивните предизвици и визија. Нашиот уникатен креативен пристап значеше дека тие можеа да:

  • ги проценат од прва рака најновите техники за амбалажа и материјали
  • допрат до нашата стручност за амбалажата за да добијат одговори на специфични прашања и уникатни грижи
  • ги напуштат нашите простории за само неколку часа со изводливо решение

Одбраното решение ја намалува големината на „празен“ простор меѓу амбалажата која штити повеќе од милион производи годишно. На тој начин се:

  • подобри употребата на камионите за 17%
  • намали големината на просторот што е потребен за чување амбалажа со рамно пакување
  • намали отпадот за клиентите на производителот на електроника

Откако ги виде резултатите од нашиот пристап, клиентот кажа, „Јас барам многу, но, вие како снабдувачи треба да знаете дека имам голема почит кон DS Smith.“ Тој додаде уште, „Мислам дека вие направивте извонредна работа со сите амбалажи. Уживав да работам со вас и се надевам дека ќе работиме на повеќе проекти во иднина.“

За нас во DS Smith навистина вреди да работиме заедно со нашите клиенти и да ги решаваме нивните проблеми. Само со поместување на границите на соработка и создавање доаѓаме до возбудливи нови идеи. А, со обезбедувањето нови прототипови за споделување со колегите, нашите клиенти гледаат како новото решение навистина дава одговор на нивните потреби.