electronics-market.jpg

Како го поддржуваме вашиот бизнис

Денешната индустрија за електроника продолжува да се шири со неверојатно темпо. Вашите подмаркети – особено индустрискиот, медицинскиот, телекомуникацискиот, аеронаутичкиот и ИТ сегментите – имаат потреба од електроника за поврзување милијарди паметни уреди, додека побарувачката за паметни телефони, преносни уреди и други паметни електронски уреди расте.

Ако тоа не беше доволен предизвик, во индустријата постојат сè поголеми сложени и глобални циклуси за набавки. Производите веќе не се дизајнираат, произведуваат и не се продаваат на едно место. Наместо тоа, отворените трговски рути и пристапот до дигитални информации им овозможува на производителите да набават материјали по јаниска можна цена од каде било и да ја пренесат во региони со најниско платена работна сила за склопување.

За да се биде успешен во ваква околина, ви треба специјалист за амбалажа, логистика, извор на повеќе материјали и услуги за амбалажа и печатење според индивидуални потреби. Ние во DS Smith сме тука за да помогнеме. Ние нудиме целосна услуга, од дизајн до снабдување: создавање едноставност во рамките на овие растечки и сложени циклуси на набавка. Го земаме предвид секој аспект во вашите потреби на секој чекор од циклусот на набавки, од фабрика до крајниот купувач. Со тоа што ја поддржуваме вашата пазарна стратегија, ние ви помагаме да ја зголемите продажбата, а во исто време да ги намалите трошоците и да управувате со ризиците. Нашето глобално присуство ни дава флексибилност да ви дадеме поддршка каде и да работите во светот.

Ние сме вашите стратези за амбалажа при давањето целосни решенија според вашите потреби низ цел свет. Дознајте како нашите решенија за услуги и амбалажа од повеќе материјали може да ви помогне да ја надминете сложеноста на синџирот на набавки на глобално ниво и зошто нашите решенија ќе ги надминат вашите очекувања.