DS Smith го објавува Извештајот за одржливост за 2017 г.

Во DS Smith, нашиот бизнис-модел нѐ става директно во центарот на движењето за циркуларна економија.

Се радуваме што DS Smith го објавува Извештајот за одржливост за 2017 г. со којшто го славиме постигнувањето на целите за намалување и на емисиите на CO2 и на искористувањето на водата четири години пред предвидениот рок, и којшто исто така ја одразува визијата на DS Smith да биде водечки снабдувач на одржливи решенија за амбалажа.

Извештајот со наслов „Обликување на циркуларната економија“ се фокусира на улогата на DS Smith во циркуларната економија, и преку својот интегриран бизнис-модел на затворен циклус и преку фокусот на Групацијата врз соработката со клиентите, со цел искористување на амбалажата како алатка за создавање поефикасни синџири на снабдување.

Надоврзувајќи се на минатогодишниот извештај, DS Smith го разгледува постигнатиот напредок во однос на секоја од седумте приоритетни теми за одржливост, стратегијата за поголема вклученост на засегнатите страни и заложбите за следната година. 

Ian Simm
Како што секогаш работиме на намалување на нашето влијание врз животната средина и на остварување на потенцијалот на нашите луѓе, како водечки снабдувач на решенија за амбалажа, исто така ја препознаваме и улогата што може да ја имаме за да им помогнеме на клиентите да работат на поодржлив начин. Ги слушаме засегнатите страни, разбираме какво е нашето влијание, ги проценуваме новите можности и преземаме акција — Ian Simm, претседател на Комисијата за одржливост

Достигнувања во текот на последните 12 месеци

Нашиот бизнис

  • Зголемување на порастот на приходите од 6%, при константна валута.
  • Зголемување на оцените според надворешните репери, а добивме и 95B за управување од CDP и злато од EcoVadis.
  • 330 работилници за клиентите во Центарот за влијание и учество во бројни иницијативи на индустријата и на засегнатите страни.

Нашата околина

  • Намалување на емисиите по тон производ од 6,7%
  • 85% од локациите се сертифицирани според FSC
  • 100% од локациите учествуваа во Анкетата за самооценување на SEDEX, што претставува основа за понатамошен развој на активностите за следливост и транспарентност. 

Нашите луѓе

  • Намалување на стапката на зачестеност на незгоди за 19%
  • 207 локации без ниту една незгода со изгубено време, со што се остварува нашата долгорочна цел за работни места без незгоди.
  • Постојан придонес кон заедницата преку хуманитарната фондација на DS Smith

Извештајот за одржливост и понатаму служи како важен извор на најнови вести за сите засегнати страни за одговорното и одржливо работење на DS Smith и за следните чекори што ќе се преземат за постојано подобрување на работењето.