Recycling Services

Услуги за рециклирање

Ние нудиме широк опсег на услуги за управување со рециклирањето и отпадот коишто се наменети за подобрување на стапката на рециклирање, намалување на сложеноста и насочување на отпадот од депонијата.

Нашата навремена и сигурна услуга за собирање е конкурентна, често поевтина, и ви овозможува едно место за контакт за повеќе процеси за отпад со што сте слободни да го водите својот бизнис.

Разгледувајте ги нашите индивидуални услуги и ако сакате DS Smith да ви покаже дека вашиот отпад има вредност, погледнете подолу како ги поставуваме нашите работни постапки:

Вовед

ЧЕКОР 1

Пополнете го нашиот образец за контакт и ќе ви се обрати некој од нашите претставници во рок од 24 часа за да зборувате на кој начин може да ви помогне DS Smith во вашиот бизнис.

Кажете ни каква услуга ви треба и сите други информации што ќе ни помогнат да ви се обратиме со услуга што е најдобро приспособена кон вашите потреби.

Или може да ни се јавите на телефонот 02/ 3 223 138

ЧЕКОР 2

Ние ќе ви направиме бесплатна проверка на материјалите за рециклирање, од која ќе ја видите вредноста на ресурсите кои ги фрлате и кои што може да се рециклираат.

Како дел од ова, ние го земаме предвид потребниот број на канти и гледаме дали е соодветен со обемот на отпад што го произведувате. Често ние предлагаме решение за оптимизација на отпадот со што ќе се подобри еколошката состојба на вашата околнина и ќе се создаде рентабилност за вашиот бизнис.

ЧЕКОР 3

Ние ќе одиме понатаму и ќе понудиме услуга за рециклирање и управување со отпадот според конкретните барања и обемот на отпад од вашиот бизнис. Ви стоиме на располагање за собирање на отпадна хартија и картон со картонски кутии - собиралници и контејнери од 5 m3, 13 m3 и 30 m3, кои може да ги побарате преку директен контакт со нас.

ЧЕКОР 4

Ќе започнеме со услугите што е можно побрзо.

Нашата екипа за грижа за корисници ќе биде, исто така, на располагање седум дена во неделата за да ви даде поддршка и да одговори на сите ваши прашања.

За да направите бесплатна ревизија за рециклирање материјали, кликнете на линкот подолу.