Solutions by Sector

Решенија според сектор

Раководејќи се од тоа што го нарекуваме „Моќта на помалку“, ние сме експерти кога станува збор за помагање на бизниси да добијат најдобра вредност од нивното рециклирање со тоа што овозможуваме услуги за помал трошок, помалку отпад и помалку сложеност.

Повеќе од 40 години, ние им помагаме на компаниите да го пренасочат отпадот подалеку од депониите и да ги зголемат нивоата на рециклирање. Работејќи целото ова време со компании од различни делови на индустријата, се здобивме со непроценливо богатство од знаење.

Решенија за рециклирање на отпад за сите сектори

Ние ја разбираме сложеноста на различните индустриски сектори и тоа како различни типови бизниси имаат уникатни барања за потребите за управување со ресурсите.

Нашата цел е да рециклираме 100% од вашите ресурси.

Горди сме што можеме да опслужиме некои од најпознатите организации во Европа, како што се Aldi Tesco, Arcadia Group, Auchan, Cadbury и IKEA, но и илјадници други помали претпријатија, како и најразлични владини организации.

Ние можеме да ви понудиме услуги за секој дел од индустријата, и тоа:

ШТО МОЖЕ DS SMITH ДА НАПРАВИ ЗА ВАС?

  • Да ви овозможиме бесплатна ревизија за рециклирање материјали 
  • Да ја прилагодиме нашата услуга според вашите потреби
  • Да ви овозможиме најдобра вредност на ресурсите со издвојување на отпадните материјали
  • Да ви овозможиме согласност со еколошките прописи
  • Да ви понудиме навремена, сигурна и конкурентска услуга за собирање
  • Да ви овозможиме едно место за контакт за сите ваши потреби во однос на отпадот

Доколку сакате бесплатна ревизија, кликнете на линкот подолу.