Предизвикот со постери на DS Smith

Со „Предизвикот со постери на DS Smith“ децата добиваат задача да создадат постер којшто ќе ги поттикне луѓето да размислуваат за одржливоста на животната средина и да ја одиграат својата улога во заштитата на средината, на пример, повеќе рециклирање или користење помалку вода.

Постерот може да биде рачно нацртан или дизајниран со каков било компјутерски софтвер. Може да вклучува зборови (на кој било јазик) и слики. Може да биде од секаква големина. Исто така, ги охрабруваме децата да користат рециклирани материјали, или материјали што може да се рециклираат или повторно да се користат за да го направат постерот. Оставете ги децата да уживаат во креативноста!Крајниот рок за испраќање на постерите е 11 март 2019.

Од секоја земја ќе биде избран по еден победнички дизајн. Победниците ќе добијат бесплатен пакет на уметнички материјали, а одделенијата во коишто учат ќе освојат шанса да ја посетат локацијата на DS Smith во нивната земја.*

Постерите ќе ги оценува панел од експерти, а победниците ќе бидат соопштени на 29 март 2019.

За повеќе информации, испратете е-пошта на internal.communications@dssmith.com.

* Можноста за посета на локацијата зависи од локалната политика и можност за обезбедување на ваков тип на посета.