Фокус кон стратегијата на DS Smith за климатските промени

Климатските промени се еден од најголемите глобални предизвици во овој век. Поради промените, сите бизниси од сите големини и индустрии се соочуваат со уникатна низа од предизвици и можности, којашто верувајте е високо на агендата на DS Smith во поглед на одржливоста.

Еден извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC - Intergovernmental Panel on Climate Change) за час го обиколи светот и оддекна како ударна вест низ медиумите пред неколку седмици. Светските лидери и предводниците на владите добија цврсти препораки од IPCC за тоа како да се ограничи затоплувањето на само 1,5 °C над нивоата од пред-индустриските декади, но и дека сите вклучени треба брзо да реагираат со значајни и брзи постапки доколку сакаме да избегнеме катастрофална и неповратна глобална климатска промена.

Целите на DS Smith за одржливоста

30%

Намалување на емисиите на CO2е по тон производство до 2030 г.

Како што објавивме во Ревизијата на одржливоста на DS Smith за 2018, компанијата имаше значителен напредок во последните години. Откако ја достигнавме првичната цел за намалување на количините јаглерод до 2020 две години порано, компанијата сега е посветена на постигнување на понова и уште попредизвикувачка цел:

  • 30 проценти намалување на емисии на CO2e (еквивалент на јаглерод диоксид) од произведен тон до 2030, според основата што беше утврдена во 2015.

Нашиот пристап кон постигнување на оваа амбициозна цел за намалување на емисиите е поделен на два аспекта, со приближно 15 проценти намалување на количините јаглерод што треба да се постигне преку:

  • промена на горивата
  • енергетски ефикасни иницијативи.

LED-светилките на DS Smith блеснуваат во Италија

1,290

Намалување на тоните на CO2e за работната година 2018/19 благодарение на поставените 5.000 LED-светилки

Продолжуваат инвестициите во бојлери на биомаса и Combined Heat Power (снабдување со комбинирана топлинска енергија) во нашите фабрики за хартија, а програмата за LED-осветлување веќе бележи значителен напредок откако целосно беше применета во Обединетото Кралство и Италија. 

Енергетски-ефикасните LED светилки ја осветлија Италија

Низ локациите на DS Smith Packaging во Италија, успешно беше спроведена промената кон LED-светилки како дел од проектот за енергетска ефикасност низ компанијата. Со преку 5.000 светилки поставени на 13 локации, ќе се придонесе кон намалување на емисиите на CO2e низ 2018/19 работна година од приближно 1.290 тони. На многу од локациите дури и се намали бројот на позиции на осветлување, со што се постигна заштеда на енергијата од преку 50%, додека во меѓувреме нивото на осветленост на фабричкиот простор забележа подобрување.

Леонардо Матеучи, заменик генералниот менаџер за Јужна и Централна Европа, искоментира:

„Со преминот на италијанските фабрики од претходната технологија кон LED-осветлување, покажуваме дека нашето внимание е насочено кон здравјето, безбедноста и аспектите на животната средина, но и дека имаме аспирации за тоа да ги направиме нашите фабрики најнапредни и најодржливи на пазарот.“

LED-светилките на DS Smith блеснуваат во Европа

18,360

Проценка за годишното намалување на количините на CO2e благодарение на поставените LED-светилки низ сите локации

Осветлување на нашата иднина

На сите локации низ Франција и Шпанија во моментов се поставува LED-осветлување што ќе биде проследено со остатокот од европските операции на DS Smith. Во поглед на бизнисот, процените се дека со овие активности потрошувачката на енергија би се намалила еднакво на 12 локации за амбалажа и дака би се избегнале емисии од 18.360 тони CO2e годишно – емисии коишто се еднакви на возење 1.800 кругови со автомобил околу светот!

Заложба за иднина со минимални емисии на јаглерод

Иако обидите на DS Smith како бизнис се за пофалба, голем број од нашите планови за иднината зависат од отстранувањето на јаглеродот од употреба од мрежите за снабдување и од технолошките иновации низ целиот енергетски сектор.

Потребната промена може да се случи само со цврста, правно изводлива, глобална политика.  

Во октомври 2018, извршниот директор на групацијата Мајлс Робертс го сретна лордот Петер Манделсон во фабриката за хартија во Кемсли во ОК за да продискутираат околу политиката и да ги нагласи нашите инвестиции во анаеробична дигестија и постројки за снабдување со комбинирана топлинска енергија.

Како бизнис којшто има дејности во 37 земји низ светот, DS Smith е во позиција да влијае врз создавачите на политиката преку организации како CEPI, CPI и FEFCO, со цел фокус кон развојот на кружната економија со мала употреба на јаглерод, со којашто се решаваат неодржливите модели на потрошувачка „земи-направи-фрли“, причинителите на проблемот со глобалната клима.