flower box.jpg

DS Smith му помага на Flowerworld да напредува

Дивизијата за амбалажа на DS Smith му даде поддршка на водечкиот трговец на големо за цвеќиња во Обединетото Кралство, за да отпочне услуга за порачки преку интернет со тоа што разви амбалажа скроена по мерка којашто ќе и помогне на компанијата да ја постигне својата цел, а тоа е да ги снабдува своите муштерии со свежо набрано цвеќе доставено директно во нивната вазна во рок од 48 часа.

Предизвик

Flowerworld, којшто доставува 21 милион букети годишно му даде предизвик на DS Smith да дизајнира амбалажа со којашто цвеќето ќе се доставува до муштериите во беспрекорна состојба и којашто ќе се овозможи чувство на восхит кај муштериите кога ќе го примат цвеќето.

Пристап

DS Smith го примени пристапот PackRight® за да ги испита строгите правила за синџир на достава преку е-трговија за да може да развие амбалажа за е-малопродажба по мерка која ќе помогне за новата интернет услуга.

Резултати

  • Амбалажата е лесна за подигнување, целосно може да се рециклира и го држи букетот безбедно за време на целиот пат.
  • Рачките служат како „лоцирачи“ такашто секоја амбалажа ќе стои во исправена состојба и лесно се реди една врз друга, со што се гарантира синџир на достава и ефикасност на испорака.
  • Капакот на амбалажата има четири бои фабрички испечатени со сјаен лак и може лесно да се отстранува од страна на муштериите за да се види целиот букет.

 

 

 

„Кога луѓето купуваат цвеќе тоа го прават бидејќи сакаат да направат некој да се чувствува посебно. Моментот на вистината кога амбалажата на цвеќето пристигнува и кога се отвора мора да го отсликува квалитетот на нашите цвеќиња во поглед на изглед и заштита. Верувам дека го постигнавме тоа со помош на DS Smith“