bonduelle-top.jpg

DS Smith е иноватор во сегментот на пазарот на закуски за Bonduelle

Основана во 1853 година од страна на Louis Bonduelle, Bonduelle Group е активна во повеќе од 100 држави. Bonduelle користи природен процес на конзервирање како дел од нивната посветеност на промовирањето поздрава исхрана. Тие исто така ги создаваат своите производи и работни постапки по мерка на локалните потреби, додека истовремено имаат блиска соработка со 3.440 земјоделци.

Предизвикот

Сегментот од пазарот за летни закуски е прекумерно конкурентен и Bonduelle имаат желба да отскокнуваат меѓу другите со четирите досега невидени рецепти кои се дел од нивната палета на „Салати кои доаѓаат од странство“ Овие навремени производи беа дизајнирани да се совпаѓаат со зголемената побарувачка на егзотична храна на францускиот пазар. Добро запознаени со клучната важност на пакувањето за искуството на консументите во продавница, групацијата побара од DS Smith да ги истакне нејзините четири нови производи.

Нашето решение

По многумесечно истражување и развој, разни верзии и понатамошно подобрување, пакувањето кое DS Smith го разви за Bonduelle беше завршено: решението беше компактен картон со двострано офсет-отпечатување во четири варијанти, соодветно за машинска производствена лента. 

Резултатот

  • Одлична видливост на полиците поради двојните отвори – прозорчиња, на горниот и предниот дел од пакувањето, кои му даваат можност на клиентот да го оцени уникатниот производ.
  • Пријатно искуство на клиентите со однапред исечените отвори во горната предна страна на пакувањето за лесно отворање
  • Зголемена лојалност кон брендот преку внатрешно печатење кое му дава можност на консументот да дознае повеќе за производителот и производот. Покрај овие информации, QR кодот дава директен пристап до веб-страницата на Bonduelle.