About Us

За компанијата

Ние во DS Smith обезбедуваме интегрирани услуги за рециклирање и управување со отпадот, почнувајќи од едноставни решенија за рециклирање па сè до решенија за целосно рециклирање и управување со отпадот.

Раководејќи се од мотото „Моќта на помалку“, ние сме експерти во однос на тоа да ви помогнеме да добиете најдобра вредност од рециклирањето и спроведувањето со тоа што даваме услуги за понизок трошок, помалку отпад и помала сложеност.

Управување со отпад и рециклирање

Ние сме најголемата компанија за рециклирање хартија и картон во Европа и водечки провајдер за целосно рециклирање и управување со отпад. За разлика од други провајдери, ние не инвестираме во депонијии, бидејќи нашата цел е вашите ресурси целосно да ги претвориме повторно во нешто корисно. Всушност, повеќе од 40 години ние го пренасочуваме отпадот од депониите директно на рециклирање со што им овозможуваме на бизнисите да се фокусираат на својата примарна дејност.

Ние работиме во 12 земји ширум Европа и собираме 5,4 милиони тони влакна секоја година низ цел континент.

Горди сме што можеме да ги опслужиме некои од најпознатите организации во Европа, како што се Aldi, Tesco, Primark, Auchan и IKEA, но и илјадници други помали компании во повеќе сектори. Погледнете ги и нашите студии на случаи студии на случаи за да откриете на кој начин им помагаат нашите решенија на нашите клиенти, големи и мали.

УСЛУГИ ЗА РЕЦИКЛИРАЊЕ ОТПАД

Имаме 2 погони за рециклирање хартија со кои сме сместени идеално за да ги услужиме вашите бизниси секаде во Македонија и нудиме широк опсег на процеси за рециклирање и враќање коишто опфаќаат:

ГРУПАЦИЈАТА DS SMITH

Повеќе од само компанија за рециклирање, ние сме исто така дел од групацијата DS Smith Plc, која е водечки производител на амбалажа по нарачка за клиентите и специјална хартија во Европа и составен дел од индексот FTSE 250. Денес вработува околу 26.000 лица во 36 земји ширум светот со приход од 3.820 £милиони.

Оваа поврзаност со нашите одделенија за производство нè прави различни од другите компании во секторот за рециклирање, бидејќи материјалите што ги собираме за нашите операции со хартија и амбалажа се рециклираат и се претвораат во нови производи, со што се создава реално решение за целосно опслужување на нашите клиенти.