sustainability banner.jpg

DS Smith ја доби наградата Gold EcoVadis за одржливост

DS Smith има задоволство да објави дека уште еднаш освои златна награда од агенцијата за оценување одржливост EcoVadis, но и продолжува да се подобрува од година во година.

Марк Гринвуд (Mark Greenwood), директор за одржливост, кажа: „Ние сме воодушевени што уште еднаш го подобривме нашиот резултат според референтното оценување EcoVadis. Оценувањата што се вршат секоја година, како што е ова, стануваат сè потешки, како во поглед на ширина на опфатени теми, така и во длабочина на бараните информации. Понатамошното подобрување на нашиот резултат и задржувањето на нашата позиција во горните ешалони на организацијата кои што учествуваат во EcoVadis сведочат за извршената работа низ цела организација за да се работи дури поодржливо.“

EcoVadis претставува алатка од трето лице посветена на создавање сигурен систем за рангирање според CSR што е доследен со текот на времето и нуди споредливост, така што добавувачите може да се споредуваат во широк спектар на сектори и земји. Оценувањето ги зема предвид политиките, програмите и перформансите во четири клучни области:

  • управување со животната средина,
  • правична деловна практика,
  • работнички и човечки права, и
  • одржлива набавка.  
Mark Greenwood, директор за одржливост
Овој резултат ја нагласува нашата постојана заложба за нашата корпоративна визија да стане лидер во решенија за одржлива амбалажа. — Mark Greenwood, директор за одржливост

DS Smith создава одржлива вредност при балансирањето на потребите на нашиот бизнис, нашата околина и нашите луѓе.

Нашата главна работа е дизајнирање и производство на рециклирана амбалажа за стока за широка потрошувачка. Знаеме дека нашите операции имаат и директно и индиректно влијание – нагоре, низ нашите изворни активности, и надолу, низ начините на кои нашите клиенти ги користат и фрлаат нашите производи.

DS Smith моментално се фокусира на три главни цели за одржливост

  • Да ги намали емисиите на CO2 по тон производство за 30% до 2030 г.
  • Да постигне 100% FSC сертификација за опфатените центри во 2018 г.
  • За 100% од опфатените центри да бидат завршени прашалниците SEDEX за самооценување