DS Smith освои награди за Best FTSE 250 Annual and Sustainability Reports (Најдобри годишни извештаи и извештаи за одржливост на FTSE 250)

DS Smith освои две престижни награди за најдобри годишни извештаи и извештаи за издржливост меѓу сите FTSE 250 компании.

Адријан Марш, извршен финансов директор на DS Smith, изјави:

„Во DS Smith сме многу горди на признанијата за нашиот годишен извештај и за извештајот за одржливоста. Овие публикации ја одразуваат нашата пoсветеност во постигнување на најголемите стандарди за транспарентност, професионализам и одговорност, како и нашата одлучност да останеме верен партнер на нашите клиенти и акционери.“

Наградата за Најдобар годишен извештај (FTSE 250) беше доделена од IR Society (Заедницата за меѓународни односи) на 22 ноември. Околу наградата одлучуваше панел од експерти од полињата на сметководството, регулативите и корпоративно известување.

Best Annual Report (FTSE 250) prize from the IR Society

Панелот истакна дека:

DS Smith ја освои оваа награда за добро опишаниот бизнис модел и јасната и лесно разбирлива рамка за известување. На судиите им се допадна иновативната употреба на графички елементи каде што беше вклучена мапа на градирање на ризици и дадоа позитивен коментар за начинот на кој беше упатено кон проблемите со одржливоста.

Наградата за Најдобар извештај за одржливост на FTSE 250 и ентитетите од јавен интерес беше претставена на 29 ноември за време на PwC’s Building Public Trust in Corporate Reporting Awards (Награди за градење на доверба во јавноста со корпоративни извештаи на PwC). Панел од 15 судии ја одбраа компанијата DS Smith како победник за добриот квалитет на известувањето истакнувајќи го следното:

Јасното и достапно известување коешто многу добро ја истакнува стратегијата за одржливост на DS Smith и опишува како ангажираноста на акционерите придонесува кон известувањето околу нивните материјални проблеми. Анализата за синџирот на вредности на компанијата е сеопфатна, особено влијанието врз клиентите, додека пак нарацијата на стратешките цели илустрира како стратегијата за одржливоста се интегрира со сржта на нејзиниот бизнис модел. Фокусот на влијанијата од раната фаза вклучува работа со добавувачи околу снабдувачката со одржливи материјали, а компанијата покажува свесност околу моменталниот развој со опишување на нејзината улога во овозможувањето на „циркуларна економија“.

Еден судија искоментира, „Добивате чувство дека поврзаноста меѓу бизнис стратегијата и одржливоста е силна и функционира добро. Компанијата пренесува јасна и детална приказна долж нејзиниот синџир на вредноста“.

„2016 веќе беше успешна година за DS Smith каде што се направија голем број аквизиции коишто дополнително го зголемија нашето географско влијание и понуда до клиентите. Инвестирањето во најнови технологии и постројки, како што беше отворањето на нашата врвна нова фабрика во Ерлензе, Германија, се исто така клучен дел од нашата стратегија да се биде главниот извор на решенија за одржливо пакување. Би сакал да се заблагодарам на панелот судии за обете награди за овие големи почести“, заврши Адријан Марш.

DS Smith receiving the Best Annual Report (FTSE 250) prize