Zero Waste Solutions

Решенија за нула отпад

Низ нашата постојана посветеност кон постигнување степен на нула отпад, DS Smith е единствениот добавувач кој реално може да ја оствари оваа амбициозна цел за 100% трансформирање на ресурсите кои ни ги испраќате во нешто корисно и убаво.

Нула отпад на депонија

Филозофијата на нула отпад охрабрува повторно дизајнирање на животниот циклус на ресурсите така што сите производи повторно ќе се искористат или рециклираат, и повеќе нема да се испраќа отпад на депонијата.

Оваа цел за нула отпад е од големо значење за нашата работа, бидејќи за разлика од другите добавувачи ние не инвестираме во депонија. Како дел од групацијата на DS Smith, која претставува водечки производител на решенија за пакување и хартија во Европа, ние создаваме милиони производи од материјалите кои ги собираме.

Кратко кажано, ние не го гледаме отпадот како отпад, ние го гледаме како ресурс.

КАКО МОЖЕМЕ ДА ДОСТИГНЕМЕ НУЛА ОТПАД?

Целта да се постигне нула отпад е навистина амбициозно. Знаеме дека тоа ќе биде навистина напорно патување за голем дел од нашите клиенти, но ние се обврзуваме дека во секој момент од тоа патување ќе ви стоиме на располагање, и тоа преку:

  • Јасно поставување на дефинирани цели и креирање нови иновативни можности за намалување, повторно искористување и обновување на материјали
  • Развој на цели за избегнување на депонијата кои ќе бидат адаптирани според вашите цели
  • Насоки при запознавање со хиерархијата на отпадот - испраќање на помалку отпад кон погоните за обнова кој може да се рециклира, и со тоа се рециклираат помалку материјали кои можат повторно да се користат
  • Утврдување планови за намалување на отпадот - што на крај ќе придонесе за заштеда во однос на трошоците
  • Истражување на комплетниот циклус на набавки - осигурување дека материјалите можат лесно да се рециклираат на крајот од нивниот работен век

ШТО МОЖЕ DS SMITH ДА НАПРАВИ ЗА ВАС?

  • Понуда за бесплатна ревизија во однос на рециклирањето
  • Ја прилагодуваме нашата услуга според вашите специфични барања
  • Овозможуваме долгорочни придобивки во однос на трошоците
  • Заборавете на сложеностите од еколошките прописи
  • Овозможуваме навремена и сигурна услуга за собирање

Доколку сакате бесплатна ревизија, кликнете на линкот подолу.