Offering

Во понудата

DS Smith е посветена на вршење директно рециклирање. Со 40-годишно искуство во пренасочување на отпадот од депонија, може да ни верувате дека ќе се погрижиме за сите ваши потреби во врска со рециклирањето и управувањето со отпадот.

Раководејќи се од мотото „Моќта на помалку“, ние сме експерти во однос на тоа да ви помогнеме да добиете најдобра вредност од рециклирањето со тоа што даваме услуги за понизок трошок, помалку отпад и помалку сложеност.

Услуги за рециклирање

Ние нудиме широк опсег на процеси за рециклирање и надоместување каде што се вклучени:

Решенија според сектор

Ние ја разбираме сложеноста на различните индустриски сектори и тоа како различни видови бизниси имаат уникатни барања за потребите за управување со ресурсите. Работиме во широк опсег на сектори каде што се вклучени:

  • Малопродажба

  • Производство

  • Печатење и издавање

  • фабрики за хартија

Решенија според големината на бизнисот

Без разлика на големината на вашиот бизнис, ние ви овозможуваме да ги искористите иницијативите за рециклирање и управување со отпадот кои што влијаат врз крајните резултати и го подобруваат еколошкиот аспект.

Од мултинационални продавачи на мало, како што се Tesco и Aldi, до локалните маалски продавници, ние нудиме услуга што ги задоволува уникатните потреби на нашите клиенти.

Услуги за собирање отпад и рециклирање според потребите на клиентите

Ние не гледаме на отпадот како на отпад, туку како на ресурс. За разлика од други провајдери, ние не инвестираме во депонии, туку нашата цел е вашите ресурси целосно да ги претвориме повторно во нешто корисно. Нашата бесплатна проверка на материјалите за рециклирање ќе ви ја покаже вредноста во отпадот што го фрлате во кантите за обичен отпад, а кој што може да се рециклира.

Сите наши услуги се приспособени на конкретните барања од нашите клиенти и овозможуваме долгорочна корист во однос на трошоците со тоа што ги издвојуваме материјали за да добиете:

  • Најдобра вредност
  • Рециклирање со највисок квалитет и помалку контаминирани материјали за рециклирање
  • Сообразност со најновата легислатива за отпад и рециклирање.

Свесни сме дека воспоставувањето на процесот на ефикасна сегрегација на изворот може да биде предизвик за вашиот бизнис. Значи, каде што е можно, ние ќе обезбедиме соодветни собиралки и контејнери, а во исто време ќе ги имаме предвид вашиот деловен простор и активностите.