DS Smith_Swiss Packaging Award_topimage.jpg

Пакувањето извршено од DS Smith го оптимизира климатскиот отпечаток во METTLER TOLEDO

Мерењето и контролата на pH вредноста е клучна во безброј процеси во фармацевтската, хемиската, и индустријата за храна и пијалаци – METTLER TOLEDO нуди совршен сензор за секоја намена со неговите InLab pH електроди. Од март 2016 година, глобално активниот производител на прецизни инструменти ги рекламира своите шест различни типови на производи во нов продажен пакет.

Шест во три

Сетот составен од три големини е направен преку стратешките стручни лица за изложување и пакување во DS Smith и го заменува постојното решение изработено од картон и стиропор. За рационално пакување со штедење на материјал и простор и за флексибилност во употребата: паметно осмислената структура изработена од 100% брановиден картон осигурува помала сложеност, поголема ефикасност и поголема заштита на животната средина низ целиот циклус на набавки во METTLER TOLEDO. Постојат и повеќе од доволно причини за судиите за швајцарските награди за пакување да го наградат софистицираниот сет за пакување на DS Smith оваа година со една од најпосакуваните награди во категоријата „Конструкција“.

METTLER TOLEDO континуирано работи на оптимизирањето на својот еколошки отпечаток: од развој и производство на прецизните инструменти до нивната достава, па на крај сè до елиминацијата. Нивните пакувања се исто толку поволни за околината колку што се и производите: штедат ресурси и се лесни за рециклирање. За време на редизајнирањето на нивните електро-хемиски pH сензори во InLab серијата, компанијата бараше поодржлива и поефикасна алтернатива на претходното пакување кое беше изработено од експандиран полистирен (EPS) и картонски прегради.

Чистата структура од брановиден картон на DS Smith стопроцентно ги исполнува еколошките побарувања на METTLER TOLEDO. Онаму каде што порано се користеле шест типови на пакувања, денес се доволни три со цел оптимално и безбедно да му се обезбеди палетата на производи од висококвалитетни pH сензори на клиентот. Добро осмислените внатрешни прегради го нудат вистинското решение и сигурно ги зацврстуваат електродите, капаците за наводнување или каблите за поврзување за секој вид на достава кај пакувањето. Доколку опсегот на производи се промени поради нови побарувања на пазарот, структурата може да се прилагоди со малку труд.

Глобалната корпорација придобива од постојаните процеси на оптимизирано пакување и логистика со новото решение. Ефикасно спакуван, новиот сет за пакување гарантира кратко време на поставување. Благодарение на доставата во израмнета состојба и минималните надворешни димензии на наполнетото пакување, METTLER TOLEDO може многу да го намали просторот за транспорт и достава. Со тоа се заштитува животната средина и, во исто време, се намалуваат непотребните трошоци. Исто така, во споредба со конвенционалното, мулти-компонентно пакување кое е помалку еколошко, пакувањето од чист брановиден картон може лесно да се рециклира, а со тоа му се додава на вредноста, што доведе до прифаќање од страна на глобалниот играч METTLER TOLEDO.