top.jpg

DS Smith доби Scanstar награда

Транспортот на картонското пакување е супериорен над дрвеното пакување во секој поглед

DS Smith во Шведска ја добија наградата Scanstar за нивното решение за пакување за
главините на камионски тркала. Производот е изработен во Шведска, а потоа се испраќа во Белгија пред да се достави до крајниот потрошувач. Секоја главина на тркало тежи 50 kg.

Дизајнот на DS Smith се состои од осумаголна кутија од цврст картон со облога која овозможува ефикасна заштита од влага. Аглите на осумаголната кутија го прават пакувањето посебно цврсто, што го прави и подредувањето полесно отколку со претходните решенија. Четири пакети сега можат да се сместат на секоја палета, додека претходно можеа да се сместат само три - што го зголемува просторот за 33 % на секоја палета. Со тоа се намалуваат трошоците за транспорт на клиентите за 25 % и значително се намалува влијанието врз животната средина.

Наспроти претходното дрвено пакување, единиците за пакување на DS Smith се доставуваат во израмнета положба така што тоа доведува до помалку достави и намалена потреба за простор за складирање за клиентот.

Користењето на картон при пакувањето има ергономски придобивки за вработените на клиентот, бидејќи се подига со шаблон кој е интегриран во постојната роботизирана ќелија на клиентот. Со тоа се елиминира потребата од тешка физичка работа за вработените, и процесот на обвиткување е побрз и бара помалку ресурси.

Жирито јасно се искажа во своите пофалби: Добро и целосно решение кои изгледа доста цврсто. Можно е да се наредат четири едно на друго, наместо три како со претходното решение. Добро смислено решение за пакување кое е лесно за отворање и кое ќе функционира екстремно добро низ целиот синџир на дистрибуција.

 

За повеќе информации контактирајте со: