top-pic.jpg

DS Smith доби врвна награда на Наградите за квалитет на Mars

На вечерта на годишните награди на Mars Chocolate DS Smith прими четири награди, со кои беше наградена за квалитетот на снабдување со нивните хартиени и флексибилни пакувања.

Фабриката во Нердлинген, Германија, уште еднаш ја освои врвната награда во категоријата на брановидна амбалажа „Corrugated Site of Quality Excellence“ и три награди за Совршена изведба што им беа дадени на фабриките во Кутно во Полска, Тури во Франција и Локерби во Обединетото Кралство.


Годинава е седма по ред година што фабрика на DS Smith ја освојува наградата „Corrugated Site of Quality Excellence“ и шеста награда за фабриката во Нердлинген. Наградата „Corrugated Site of Quality Excellence“ оддава признание на целокупната извонредност на фабриките што произведуваат големи количини со сложеност во снабдувањето.

Оваа награда беше една од четирите што DS Smith ги доби во текот на гала вечерата. Ниту еден друг снабдувач на Mars не успеа да добие повеќе од една награда. Трите награди за Совршена изведба исто така им беа доделени на фабриките на DS Smith во Кутно во Полска, Тури во Франција и Локерби во Обединетото Кралство за постигнување на 0% производни дефекти, односно совршена усогласеност. „Квалитетот и услугата им се особено важни на DS Smith и нашите клиенти. Ова признание од Mars е јасен доказ за квалитетот на нашето раководство и заслуга за сета напорна работа, енергија и посветеност што нашите вработени од цела Европа ги вложија во квалитетното снабдување“, рече Stefano Rossi (Стефано Роси), извршен директор на одделението за амбалажа во DS Smith. „Но, никогаш нема да бидеме задоволни со нашите постигнувања и секојдневно мораме да гледаме напред, за да видиме како можеме да се подобриме за себе и за нашите клиенти“.


За фабриките во Кутно во Полска и Тури во Франција ова е четврта по ред година што постигнуваат 0% производни дефекти, односно совршена усогласеност. Ова е импресивен рекорд во која било индустрија. „Целта на нашите европски и локални тимови е да озбебедат дека секоја нарачка, секоја испорака и секоја интеракција со Mars е апсолутно совршена“, рече Frank McCusker (Френк МекКаскер), стратешки директор на економскиот оддел.

Знам дека ова ангажирање и страст е навистина ценето од страна на Марс

— Frank McCusker, стратешки директор на Mars


Наградите се придружени со парична награда во износ од неколку илјади евра што ќе се потрошат во корист на вработените во фабриките-победнички. Во претходните години, овие пари беа потрошени за изградба на надворешен оддел за рекреација, каде вработените можат да прават пауза или за надградба на објектот што служи како кантина.