Интервју „Нашиот фокус е додадената вредност за нашите клиенти“

Интервју со Per V Frederiksen (Пер В Фредериксен) од DS Smith. Стратезите за амбалажа и пакување на DS Smith имаат амбициозни цели за германскиот пазар. Се планира значително зголемување на развојот и нивната цел е да бидат први меѓу производителите на продажни штандови.

Per V Frederiksen (Пер В Фредериксен), управен директор на DS Smith во одделот за пакување за регионот на Германија и Швајцарија, разговараше во едно интервју за „neue verpackung“ за стратегиите и инвестициите на оваа компанија, тековните барања на пазарот и создавање на вистинска вредност за клиентите. 

Сакате да станете водач на пазарот во секторот за експонирање. Како изгледа офанзивата на DS Smith на пазарот?

Се гледаме себеси како стратешки партнер на нашите клиенти. Како стратези за амбалажа и пакување, го анализираме нивниот целокупен циклус на набавки и систематски ги поставуваме соодветните прашања. На овој начин, во текот на циклусот за додадена вредност, ги наоѓаме оние средства со кои можеме значително да ја намалиме сложеноста на постапките за нашите клиенти и на тој начин да создадеме вистинска додадена вредност.

Дали можете да ја докажете оваа корист? Во кои сектори го гледате најголемиот потенцијал?

Користејќи го нашиот стратешки пристап, нашите клиенти добиваат корист од намалување на трошоците, зголемување на продажбата и намалување на ризикот. Посебно сме фокусирани врз компаниите од секторот за роба за широка потрошувачка, но се разбира и врз други сектори што сакаат да ја зголемат својата продажба во продажните места. Со нашата врвна, најсовремена фабрика за експонирање и пакување за потрошувачи што ќе ја отвориме во Ерлензе во ноември 2016, можеме да го имплементираме овој пристап на идеален начин. Тука, за првпат ќе имаме Центар на влијание и Центар PackRight, со цел внимателно да го испитаме целокупниот циклус на набавки и заедно со нашите клиенти да развиеме иновативни концепти.

Колкави беа инвестициите во новата фабрика? На кој начин вашите клиенти ќе имаат корист од новата фабрика?

Гледаме врз Ерлензе како една важна машина за нашиот понатамошен деловен развој. Вкупно инвестиравме преку 50 милиони евра за да раснеме заедно со нашите клиенти из Европа. Особено производителите на големи брендови бараат партнери кои ќе ги поддржуваат во оптимизацијата на целокупниот животен циклус на производот. Ова можеме да го примениме од Ерлензе, и исто така, да им даваме поддршка на клиенти надвор од националните границите со нивните европски проекти за услогласување. Кога на пазарот се работи за квалитет, достапност и брзина, ниедна желба нема да се остане неисполнета.

Се вели дека оваа фабрика е најефикасната во Европа. Каде ќе се направат прилагодувања тука, во споредба со старата фабрика во Ханау?

Со нашата фабрика во Ерлензе, на пазарот за штандови и пакување ќе поставиме нови стандарди. Нашата стара локација во Ханау со текот на годините порасна. Во меѓувреме, тука го постигнавме нашиот максимален капацитет. Новата фабрика е неопходна за да можеме да се развиеме во иднина. Нашата нова локација ќе биде високо ефикасна, со оптимални производни постапки, најнова машинска технологија и огромен капацитет. Она што ја прави оваа локација специјална е сигурно фактот што нашата машинерија е смислена на таков начин што сме оптимално способни за големи и мали производни линии. Како снабдувач со целосна услуга за пакување, можеме да доставуваме сѐ од еден единствен извор.

Во Елрензе се планира создавање на Центар на влијание. Што точно можат да очекуваат вашите клиенти од овој центар?

Концептот на DS Smith за Центарот на влијание е единствен во нашата индустрија. Првиот Центар на влијание за регионот на Германија и Швајцарија ќе се создаде во Ерлензе. Нашите клиенти тука ќе можат да го почуствуваат влијанието на нивните штандови и пакувања во реалистично симулиран ланец за набавки. Акцентот тука е ставен на „реалистично“. Затоа, ќе работиме со вистински производи што можете да ги допрете и да ги гледате, а не со симулации. Секторите за логистика и складирање се меѓу другите што ќе се разгледаат, дополнително на секторот за малопродажба. Заедно со нашите клиенти ќе дојдеме до заклучок што можат да постигнат со соодветно пакување и ќе им дадеме теми за размислување. Во нормални услови, средбата во Центарот PackRight ќе следи по посетата на Центарот на влијание.  Тука ќе работиме заедно со нашите клиенти на прашањата за оптимизација што се јавија во текот на посетата на Центарот на влијание. Ќе ги провериме решенијата што се постигнаа и ќе ги примениме. Со ова систематско испитување на циклусот на набавки, ќе постигнеме вистинска додадена вредност.

Според процената на трговските здруженија и компаниите за истражување на пазарот, во иднина штандовите ќе играат централна улога за продажба на производи на продажните места. Каков вид второстепена поставеност ќе се среќаваме сѐ повеќе во 2016 во малопродажната трговија? Од ваша гледна точка, во кој правец се движат трендовите на пазарот?

Во моментов забележуваме тренд на концепти за модуларни штандови. Со овие паметни решенија, може да се создадат голем број различни штандови со само неколку составни делови. Предностите се очигледни: максимална ефикасност на постапката и помали трошоци за складирање, транспорт и ракување. Пред нас ја имаме следната развојна етапа во областа на автоматизирани постапки за дополнително пакување. Освен тоа, во 2016, компаниите сѐ уште работат на остварување на врската меѓу интернетскиот и вистинскиот свет на продажните места со паметни штандови и решенија за пакување. Дополнително на засилената реалност, постојано се користат нови технологии, како на пример технологијата „Βeacon“. Годинава, значителна важност исто така се придава на искуството и поставеноста на настани, за да се постигне емоционално доживување на брендовите и купувањето да се претвори во посебно искуство. Од оваа причина, има побарувачка за штандови што на потрошувачите им нудат соодветна додадена вредност додека купуваат: тематски експонати, на пример, во врска со печење на скара, кадешто купувачот наоѓа сѐ во еден свет прикажан во штанд – од јаглен, ладилник за шишиња, чипс, па сѐ до пијалоци.

Анализите покажуваа дека 10 проценти од малопродажбата ќе исчезне од пазарот во следните пет години. Дали со тоа ќе се намалат и барањата за штандови? Како ќе се справите со еден ваков развој на настани?

Во иднина, потрошувачот сѐ повеќе ќе бара од малопродажбата искуство и емоционална привлечност. Со атрактивни решенија за штандови кои привлекуваат неколку сетила и со поврзување на интернетскиот со вистинскиот свет, брендираните компании и малопродажбата ќе можат да му понудат на купувачот вистинска додадена вредност. Затоа, малопродажбата е навистина заинтересирана за таква второстепена поставеност. Работиме со иновативни решенија и технологии. Со нашата голема мрежа низ цела Европа, ги следиме сите тековни трендови. Освен тоа, штандовите не се наоѓаат само во малопродажбата, туку на пример, на бензинските станици и во кината.

Каде се наоѓаат вистинските проблеми за брендираните компании денес? И што тоа значи за вас како производител на штандови и пакувања?

Предизвиците со кои се соочуваат нашите клиенти секојдневно ќе бидат сѐ посложени во многу области. Животниот циклус на производите станува сѐ пократок. Бројот на канали за комуникација и маркетинг се зголемува. Купувачите очекуваат приспособени производи. Овие неколку примери покажуваат дека сложеноста сѐ повеќе се зголемува. Од оваа причина, особено нашите големи клиенти бараат не само снабдувач со пакувања, туку и стратешки партнер. И почнуваме токму тука со нашата позиција како стратези за амбалажа и штандови. Како снабдувач со целосна услуга за пакување, ја намалуваме сложеноста и ги преземаме на своја одговорност претпроизводните и попроизводните етапи, така што нашите клиенти можат целосно да се фокусираат врз нивните основни надлежности.

Ви благодарам за интервјуто!