trees-sustainability.png

Вистината за дрвјата

Уште од најраниот период, човекот го користи дрвото како гориво и затоа ние во DS Smith знаеме колку само големо значење имаат дрвјата за нас – како дел од нашиот синџирот на набавки за пакувања и како една од клучните компоненти во животната средина за отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата.

Искрен разговор

Меѓутоа, ајде да не се преправаме дека дрвјата не се сечат за да се произведе пакување – секако дека се сечат, и затоа, индустријата за рециклирана хартија во најбрзо време и со сите свои напори треба да се справи со ова прашање. Навистина низ годините се постигнаа значајни постигнувања во однос на подобрувањето на акредитивите на одржливоста во индустријата за пакување, но многу лесно може да се воочи дека можеме уште многу да направме. Во овој момент најважно е да бидеме искрени за тоа од каде доаѓаат нашите дрвја и како се справуваме со ударот кој го задаваме на животната средина. Време е индустријата да биде искрена за ова прашање.

Се постигнува напредок

Бизнисите од сите сектори и големини се повеќе стануваат свесни за јаглеродниот отпечаток кој се остава и како резултат, започнаа да го испитуваат целиот нивен синџир на набавки со цел да го разберат потенцијалниот удар кој се задава кон шумите низ светот. Сите ние можеме да се присетиме на возбудувањата и важноста на изјавата од страна на Форумот за стоки за широка потрошувачка (Consumer Goods Forum) (CGF) во 2010 година дека 400-плус членови се обврзаа да работат заедно со цел да се постигне нула нето дефорестација до 2020 година. И така се постигнува напредок. Во DS Smith, новите влакна и нерециклираната хартија се добиваат од шуми со управувана одржливост и каде бројот на засадени дрвја во најмала рака се совпаѓа влијанието од сечата која се извршува.  Всушност, во Европа, шумската област се има зголемено за 17 милиони хектари во последните 20 години и секоја година растат 33% повеќе дрвја отколку бројот на исечени дрвја. Според тоа, технички гледано во Европа полека постигнуваме нула нето дефорестација.

Во дополнување, доколку погледнеме подалеку, истражувањата извршени од страна на САД даваат упатства дека во Западните земји се има достигнато највисокиот степен на дефорестација и дека шумската покривка веќе се зголемува. На пример во Франција, шумската покривка достигнала најнизок степен во раниот деветнаесетти век, но сега се има значително зголемено за разлика од средновековниот период; и да споменеме уште еден пример, во американската држава Конетикат, шумите во рамки на државата се имаат проширено од 29% во 1860 година од 60% во 2002 година.

Заедно можеме да постигнеме нула нето дефорестација, на глобално ниво

Брендовите и малопродажни компании со кои работиме се соочуваат со предизвик поставен од страна на потрошувачите и затоа истите започнаа со поставување прашања во однос на транспарентноста и можноста за следење на нашите деловни активности.

Пред нас се наоѓа возможност да ги демонстрираме нашите постигнувања во однос на одржливоста сè до денес и да ја споделиме со другите одличната работа што ја имаме завршено со цел да осигуриме минимално влијание врз животната средина. Во иднина, би сакале да видиме како се развива една нова приказна, приказна на развој на управувани шумски предели, што после сè преставува вистинскиот извор на обновлива енергија.

И ова не треба да се спомне, но сепак ќе го споменеме, ние не сме единствените луѓе кои се загрижени за овој проблем. На пример, во 2016 година, парламентот во Норвешка се заложи да ја трансформира политиката за јавна набавка на владата во политика која нема да опфаќа дефорестација. Навистина е освежувачки да се види дека тоа навистина претставува еден разговор кој владите го имаат со своите гласачи и како организациите го прават истото со своите клиенти.

Осигурување на иднината на шумите

Вистинската одржливост доаѓа од нашето живеење во рамки на нашата смисла; правилно користење на ресурси и строго придржување кон нашите потреби и научно докажани прагови, како и да не го надминуваме капацитетот на обнова на истите ресурси. Станува збор за потребни иновации кои ќе ни ги разрешат проблемите.

Сите ние сме свесни за потребата да се заштитат, како и да се управува со нашите природни ресурси. Дрвјата се еден од највредните обновливи извори на енергија и значително помагаат во намалувањето на јаглеродот, притоа изолирајќи ги емисиите на јаглерод од воздухот со стапка на приближно половина килограм јаглерод годишно од секое дрво. Сепак, мораме да запомниме дека е во ред да се сечат дрвјата, се додека меѓувреме преземаме и одговорни дејства за да ја осигуриме иднината на шумите.

Како индустрија, треба отворено да разговараме за овој предизвик кој е поставен пред нас и проактивно да помогнеме во управувањето со шумите низ Европа преку кое секако ќе се овозможат придобивки за животната средина. Здравите дрвја и шумите претставуваат, како бизнис, така и грижа за сите. Цел од нула нето дефорестација за секој бизнис е смело, но и навремено.