sustainability-highlights.jpg

DS Smith ги постигнува своите цели за одржливост

Деведесет проценти од материјалите за пакување на DS Smith сега се добиваат од обновливи извори – феноменално достигнување за водечкиот снабдувач на потрошувачко и секундарно пакување во Европа. Според новообјавениот извештај за одржливост, оваа година исто така, го намаливме и отпадот кој е наменет за депониите и тоа за 26,2 проценти, заштедивме 286.970 тони CO2 и спречивме сечење на 562.686 дрвја.

Овие импресивни достигнувања ја демонстрираат постојаната посветеност на компанијата кон трансформирање на начинот на работење и поставување на највисоки стандарди во европската индустрија за пакување.

Марк Гринвуд, директор на одделот за одржливост на групацијата, објаснува: „Ние во DS Smith многу сериозно ја сфаќаме одржливоста и секогаш сме во потрага за нови и еколошки пракси и возможности. Овој извештај преставува доказ за нашата посветеност да ја зголемиме одржливоста и сме воодушевени дека ја доживеавме нашата најдобра година во однос на намалувањето на отпадот и CO2.“

Марк Гринвуд, директор на одделот за одржливост на групацијата

Нашата визија е јасна, да бидеме водечки снабдувачи на решенија за одржливо пакување.

— Марк Гринвуд, директор на одделот за одржливост на групацијата

Марк продолжува „Интересно е тоа што репутацијата на пакувањето, изнаоѓањето влакна и достапноста беа откриени како два најважни приоритетни прашања за внатрешните и надворешните акционери во нашата неодамнешна анализа на материјали. Со ова се нагласува зголемената важност за нашите клиенти, и тоа не само во однос на акредитивите на одржливоста на нашето пакување, туку и за целиот синџир на набавки. Во дополнување, неколку делови од законодавството, вклучително европските регулативи за дрво и англискиот закон за модерно робје, го зголемија интересот кај клиентите и ние се обврзавме да одговориме на истото и притоа да осигуриме дека за нашиот циклус на набавки никогаш и никаде нема да биде најдена забелешка. Како резултат, ние го изготвивме нашиот „Стандард за глобален снабдувач“ кој ги опфаќа нашите минимални услови за квалитет и одржливост, а напоредно со тоа се креираше и работна група за модерно робје која планира неколку активности преку кои ќе одговори на новото законодавство.“

„Насочувањето на одржливоста низ одреден бизнис претставува постојан процес“ - заклучува Марк, „И јас сум уверен дека во наредените години DS Smith ќе продолжи да ја води индустријата со својот имагинативен и ефективен пристап кон својата деловна пракса, луѓе и околина.“ 

Најважни точки од извештајот за одржливост:

  • 90% од материјалите се добиени од обновливи извори
  • 8,1% намалување на CO2 емисиите по тон на производство
  • 94C CDP успех во 2015 година
  • 119 локации со FSC сертификат
  • Златна награда EcoVadis за одржливост
  • 2,4 милиони тони на хартија собрани од страна одделот за рециклирање на DS Smith
  • 30.000 LED-светилки инсталирани во локациите на DS Smith кои ги заменуваат на неефикасните големи сијалици
  • 25 Impact & PackRight центри низ Европа кои помагаат во намалувањето на емисиите во рамки на синџирот на набавки
  • 14 дена – време потребно за програмата „од кутија до кутија“ да го трансформира пакувањето во влакна од рециклирана хартија и назад во ново пакување.

Извештајот со наслов „Вредности на одржливост“ дава детали за опсежната посветеност на компанијата во однос на одржливоста, и тоа во сите области на работење, како и за пријавувањето на зголемена добивка во однос на работењето, до 16 проценти низ изминатата година при износ од 379 милиони фунти.

Во дополнување кон новообјавениот извештај, DS Smith дополнително ја засили својата транспарентност со лансирањето на интерактивна онлајн алатка за да ги покаже заштедите во однос на животната средина. Инфографиката ги прикажува секојдневните придобивки од рециклираната хартија и пакувањето на DS Smith во однос на планетата. До инфографиката може да се пристапи преку тука и најважните точки вклучуваат:

  • 562.686 – е бројот на спасени дрвја низ изминатата година. Тоа се доволно дрвја да се наполни Ројал Алберт Хол во Лондон 107 пати.
  • 286.970 – е количина на CO2 во тони која беше заштедена низ изминатата година. Тоа е како 2.634.298 пати да возите од Лондон до Пиза.
  • 625.207 – е бројот на кубни метри депонија која ја заштедивме низ изминатата година. Тоа е доволно да се наполни еден олимписки базен 250 пати.

Дали имате прашања? Ве молиме контактирајте нè: